Шестата рунда преговори меѓу Соединетите Американски Држави и Иран за нуклеарната програма на Иран ќе се одржи во главниот град на Оман, Мускат, овој викенд, објави денес министерот за надворешни работи на Оман, Бадр Албусаиди.
Неименуван американски функционер претходно изјави за Ројтерс дека специјалниот претставник на САД за Блискиот Исток, Стив Виткоф, планира да се сретне со иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, во недела во Оман, за да разговара за одговорот на Иран на неодамнешниот предлог на САД за нуклеарен договор. Иранските власти соопштија дека наскоро ќе го презентираат контрапредлогот за нуклеарен договор со САД како одговор на понудата на САД за која рече дека Техеран ја смета за неприфатлива.