Полицијата вечерва извести дека е пронајдено шестгодишното девојче од Куманово чијашто мајка попладнето го пријави за исчезнато. По неколкучасовна потрага, девојчето било пронајдено на подрачјето на скопската општина Гази Баба, велат од СВР Куманово.
„Денеска во 15:00 часот во СВР Куманово С.Т. (28) од Куманово пријавила дека нејзината 6-годишна ќерка се оддалечила од домот. Девојчето било пронајдено на подрачјето на Гази Баба“, соопшти полицијата, без да открие дополнителни детали за тоа како девојчето се нашло десетици километри далеку од дома.