Шести ден од исчезнувањето на Вања Ѓорчевска. Вчера последните информации од МВР беа дека преку 50 камери односно места каде што има камери се прегледани, целосно е во функција системот безбеден град, сите податоци од телекомуникациските операторите се земени, сослушани се десетици и десетици лица од кои се земени податоци и информации во однос на целиот овој настан.
Таткото на 14-годишната Вања Ѓорчевска пријавил во полиција дека неговата малолетна ќерка е исчезната. Податоците за Ѓорчевска се ставени и на Стоп-листа на граничните премини. Распишана е и меѓународна потерница од Интерпол, а деталниот опис е и во билтенот на МВР за исчезнати лица.