Говорејќи за мерките во Планот кои треба да овозможат јакнење на конкурентноста на македонската економија, членот на Одборот на директори на организацијата Живко Мукаетов, нагласи
„Динамиката и обемот на економскиот раст на нашата земја директно зависи од тоа колку и што извезуваме. А, за да можеме да се надеваме на зголемување на извозот неопходно е веднаш да се зафатиме со намалување на непотребниот бирократски товар за извозниците и регулативата која не само што не им помага, туку и ја намалува нивната конкурентска позиција“.
Надоврзувајќи се на неговото излагање, членот на Одборот на директори на организацијата Виктор Мизо, посочи: „За да ја унапреди вкупната конкретност на домашната економија, земјата мора да привлече и новиинвестиции од странство, за што неопходно е да се воспостави нова стратегија, вклучувајќи и новмодел што ќе биде атрактивен за инвеститорите. За тоа треба да се изградат и ефикасни агенции кои навистина ќе им овозможат брзо да ги реализираат своите инвестициски проекти во нашата земја“.