Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи пристигна во Москва каде денеска со рускиот претседател Владимир Путин и други официјални претставници ќе разговара за ситуацијата на Блискиот Исток по американските и израелските напади врз Иран.
„Абас Аракчи пристигна во Москва на разговори со претседателот и други високи руски претставници“, објави агенцијата ИРНА. Во пресрет на патувањето во Москва, Аракчи изјави дека Иран има стратешко партнерство со Русија. Тој изјави дека Иран силно ги осудува нападите на Соединетите Американски Држави како „кршење на меѓународното право“, нагласувајќи дека САД сносат целосна одговорност за последиците од својата агресија.