Денеска со жрепка во Нион, Швајцарија, беа извлечени паровите за првото квалификацискои коло во фудбалската Лига на шампионите за сезоната 2025/26. Актуелниот македонски првак Шкендија за ривал го доби тимот на ТНС од Велс. Тетовските „црвено-црни“ ќе гостуваат во првиот натпревар на 8/9 јули, а реваншот на 15/16 јули 2025 година.
Двата тима веќе се имаат сретнато исто така во првото квалификациско коло на ЛШ, во сезоната 2018/19 кога Шкендија најпрвин славеше со 5:0 во Скопје, а реваншот ТНС триумфираше со 4:0, па така за еден гол тетовскиот клуб се пласираше во следната фаза. Шкендија е веќе во подготвителна фаза во Словенија и тест натпреварите што ги очекува ќе послужат за постигнување на оптимална форма во пресрет на овие европски предизвици. Судирот со ТНС означува почеток на уште еден амбициозен пат за Шкендија да стигне што подалеку на меѓународната сцена.
Лига на шампиони 2025/26
Прво квалификациско коло, двојки –
Жалгирис (Литванија) – Хамрун Спартанс (Малта)
КуПС Куопио (Финска) – Милсами Орхеи (Молдавија)
ТНС (Велс) – Шкендија (Македонија)
Ибериа Тбилиси (Грузија) – Малме (Шведска)
Левадија Талин (Естонија) – РФС (Летонија)
Дрита (Косово) – Диферданж (Луксембург)
Викингур (Фарски Острови) – Линколнд Ред Импс (Гибралтар)
Егнатиа (Албанија) – Бреидаблик (Исланд)
Шелбурн (Ирска) – Линфилд (Северна Ирска)
ФЦСБ (Романија) – Интер Клуб Ескалдес (Андора)
Виртус (Сан Марино) – Зрињски Мостар (Босна и Херцеговина)
Олимпија Љубљана (Словенија) – Каират Алмати (Казахстан)
Ноа (Ерменија) – Будуќност Подгорица (Црна Гора)
Лудогорец (Бугарија) – Динамо Минск (Белорусија)