Шокантното гласање во Бундестагот го остави Фридрих Мерц без канцеларско мнозинство на првото гласање. Тоа значи дека тој не ги добил гласовите на сите претставници на идната владејачка коалиција. Мерц не беше избран за канцелар на Германија во првиот круг од гласањето во Бундестагот. Шокантниот исход од гласањето беше само 310 гласа за (од 630), иако демохристијаните и социјалдемократите на Мерц имаат вкупно 328 мандати и беа присутни сите пратеници. Веројатно сега се повторува гласањето, нема друг кандидат освен Мерц.
Иако коалицискиот договор беше потпишан во понеделникот, се чини дека дел од пратениците се воздржаа или не гласаа, со што се испрати политички сигнал. Засега нема индиции дека седницата ќе биде прекината, но пратеничките групи се консултираат. При потпишувањето на коалицискиот договор, Мерц и лидерот на СПД – Ларс Клингбејл рекоа дека сметаат на јасно мнозинство. Однапред немаше индиции за таков „бунт“. Тоа е и првпат во историјата кандидат за канцелар да се соочи со ваков пораз. Според законот, рокот е 14 дена за одржување на вториот круг на гласање во кој на кандидатот му е потребно апсолутно мнозинство.