Арсенал го шокираше Реал среде „Бернабеу“ со победа од 1:2, додека Интер во Милано одбрани реми против Баерн и со вкупни 4:3 се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите. Реал Мадрид капитулираше пред фантастичниот Арсенал – „топџиите“ вечерва славеа со 1:2 на „Сантијаго Бернабеу“ и го елиминираа актуелниот европски првак со вкупни 1:5, обезбедувајќи пласман во полуфиналето каде ги чека ПСЖ.
Гостите од Лондон промашија пенал уште во 13. минута преку Букајо Сака, но младиот Англичанец се искупи со погодок во 65 минута за водство од 0:1. Реал одговори експресно – само две минути подоцна Винисиус Жуниор израмни и внесе надеж кај мадридската публика. Сепак, составот на Микел Артета одигра тактички зрело, со дисциплинирана одбрана и контранапади. Се беше решено во финишот кога Габриел Мартинели со гол за 1:2 стави крај на надежите на „кралевите“. Реал Мадрид ја завршува европската кампања и ја предава круната. Арсенал оди понатаму – апсолутно заслужено!
Интер и Баерн Минхен одиграа драматичен и динамичен натпревар на „Џузепе Меаца“, кој заврши со резултат 2:2, но поради победата на гостински терен (2:1) минатата недела, италијанскиот шампион обезбеди место меѓу четирите најдобри во Европа, каде ќе се сретне со Барселона. Првите возбудувања дојдоа во второто полувреме. Хари Кејн донесе водство за Баварците во 52. минута, но Лаутаро Мартинез израмни набргу потоа. Бенжамен Павар ја врати предноста на Баерн во 61. минута, но конечниот резултат го постави Ерик Даер со погодок во 76. минута – недоволен за полуфинале. Интер оди понатаму благодарение на големото срце и паметна игра. Баерн останува без европска завршница.