Третиот светски рекет, Карлос Алкараз како што стојат работите ќе го пропушти турнирот во Мадрид. Турнирот започна во понеделникот, но најдобрите тенисер се слободни во првото коло, па се уште не се појавиле. Но, медиумите во Шпанија објавуваат дека Алкараз денес ќе соопшти дека се откажува од настапот. Наводно, шпанскиот тенисер се здобил о повреда на задната ложа и одлучил да го прескокне овој турнир за да избегне посериозни компликации.
Алкараз и по поразот од Руне во финалето во Барселона изјави дека не е сигурен дека ќе може да настапи во Мадрид, но сепак пристигна и тренираше. Сепак, на крајот веројатно докторите го советувале дека најдобро е да не настапи. Во Мадрид Алкараз има две титули од 2022 и 2023, а не настапи и минатата година, исто така поради повреда. Алкараз во ждрепката беше на страната на Ѓоковиќ, па така сега српскиот тенисер кој во овој период не е во добра форма би имал полесен пат до финалето.