Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска реагираше на остриот речник кој го употреби американскиот претседател Доналд Трамп кон неговиот украински колега Володимир Зеленски, оценувајќи дека „погрешно и опасно“ тоа што Трамп го нарече украинскиот претседател „диктатор“, пишува „Шпигел“. „Едноставно е погрешно и опасно да се негира демократскиот легитимитет на претседателот Зеленски“, вели Шолц во интервју за весникот, додавајќи дека Зеленски е избран за шеф на државата Украина. „Фактот дека не може да се одржат регуларни избори среде војна е во согласност со украинскиот устав и изборните закони. Никој не треба да тврди поинаку“, вели Шолц.
Трамп денеска го нарече Зеленски „диктатор без избори“ и „средно успешен комичар“, откако украинскиот претседател изјави дека Трамп бил под влијание на руски дезинформации во неговите напори да стави крај на руско-украинската војна, под услови за кои Киев вели дека се премногу поволни за Москва.