Утрово фатив лет за Истанбул. Во редот за туристичко пријавување го сретнав премиерот Христијан Мицкоски, кој ги помина формалностите, вклучително и соодветните контроли, како и секој друг патник, напиша шпанскиот амбасадор Рафаел Сориано Ортиз на Икс.
– Пример за едноставност и нормалност. Браво! – пишува амбасадорот.
Утрово фатив лет за Истанбул. Во редот за туристичко пријавување го сретнав премиерот🇲🇰 @MickoskiHM кој ги помина формалностите, вклучително и соодветните контроли, како и секој друг патник. Пример за едноставност и нормалност. Браво! @TimcoMucunski @VladaMK @NMvesti @MIA_NEWS
— Rafael Soriano Ortiz (@RafaSorianoO) February 28, 2025
Мицкоски денеска е во посета на Турција. Како што соопштија од владината прес-служба, Мицкоски ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Мицкоски и Ердоган ќе потпишат заедничка политичка декларација за основање Совет за соработка на високо ниво помеѓу Владата на Република Турција и Владата на Република Македонија.