Шпанскиот амбасадор во Македонија Рафаел Сориано Ортиз, на социјалната мрежа „Х“ утрово напиша дека го видел премиерот Мицкоски на скопскиот аеродром како чека да ги помине сите процедури, како и секој останат патник. Утрово фатив лет за Истанбул. Во редот за туристичко пријавување го сретнав премиерот🇲🇰 @MickoskiHM кој ги помина формалностите, вклучително и соодветните контроли, како и секој друг патник. Пример за едноставност и нормалност. Браво! @TimcoMucunski @VladaMK @NMvesti @MIA_NEWS
— Rafael Soriano Ortiz (@RafaSorianoO) February 28, 2025
Мицкоски денеска е во Турција, каде како што самиот најави ќе оди на приватна вечера со претседателот Реџеп Таип Ердоган. Од Владата најавија дека ќе се потпише заедничка политичка декларација за основање на Совет за соработка на високо ниво помеѓу Владата на Република Турција и Владата на Република Северна Македонија. Премиерот Мицкоски претходно беше критикуван поради тоа што летал со бизнис класа за Вашингтон, САД. Неговиот одговор на социјалните мрежи беше дека летот бил долг и имал болки во колената па затоа му требало седиште со повеќе простор за нозете. Извор: Новинска агенција МЕТА