Полицијата приведе 63-годишен штипјанец кој пијан предизвикал сообраќајка.
– На 30.05.2025 година во 19.39 часот на улицата „Генерал Михајло Апостолски“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Љ.С.(63) од Штип, а по претходна пријава за случена сообраќајна несреќа во Штип околу 19.00 часот во која што приведениот на ул.„Генерал Михајло Апостолски“ во Штип, управувајќи патничко возило „опел“ со штипски регистарски ознаки, удрил во патничко возило „пежо“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 40-годишната В.К. од Штип. По преземени мерки од страна на полициски службеници било констатирано дека Љ.С. е под дејство на алкохол, односно дека има 1,89 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во Полициска станица. За настанот бил изветсен надлежен Јавен обвинител. По целосно документирање на настанот, против истиот ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик на РСМ.