38-годишен жител на Штип доби кривична пријава откако бил фатен на дело како краде во куќа во градот, по што го нападнал сопственикот на куќата и побегнал, велат од МВР.
„СВР Штип поднесе кривична пријава против А.П.(38) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба“. На 03.02.2025 во Штип, пријавениот со употреба на сила влегол во куќа во Штип, а откако бил затекнат од сопственикот, физички го нападнал него и го напуштил местото“, пишува во полициското соопштение.