Веројатно најдобра вест за акционерите и потенцијалните инвеститори е тоа што кредитните обврски на „Фершпед“ лани се намалени за 80 проценти, а неговите вкупни обврски се намалени за 16 отсто и се помалку од 4,8 милиони евра. Приходите на „Фершпед“ годинава се проектирани со раст од 3 проценти до износ од 85 милиони евра
Најзначајна новина во најава од финансискиот план на „Фершед“ за 2025 година е тоа што компанијата ќе вложи половина милион евра во своите објетки и во нова и современа опрема. Ова го пишува во дописот со наслов „Финансиски план“ објавен на веб страницата на Македонската берза за хартии од вредност. Освен ова „Фершпед“ декларира дека годинава очекува неговите приходи да пораснат за 3 отсто. Но истовремено со тоа очекува и расходите на компанијата да се зголемат до 3 отсто. Во најавата е наведено дека се очекува и благ раст на оперативната добивка на најголемата македонска компанија специјализира за шпедитерски услуги.