2.8 C
Скопје
02/02/2025 01:10
МАКТЕЛ

   

Што значи да си суверенист во сиромаштија

     

Премиерот вели дека сега се идентификувал со конзервативни, суверенистички патриотски политики, а против глобализмот и либерализмот. Демохристијанството отпадна некаде по патот, пишува Љупчо Поповски

„Ајде тука да анализираме“ – му рече премиерот Христијан Мицкоски на уредникот Васко Попетревски за време на интервјуто во „360 степени“ на МРТ во понеделникот. Навистина, ајде тука да анализираме. Попетревски го праша премиерот, всушност, повеќе констатираше, дека на инаугурацијата на Доналд Трамп во Вашингтон од Европа беа во огромен дел претставниците на крајната десница. Како анализираше Мицкоски. Неговиот одговор го пренесуваме во целост.

   

„Не знам дали се сеќавате, но АфД (Алтернатива за Германија) и партијата на (италијанската премиерка) Џорџа Мелони беа во исто европско семејство. Но тоа семејство ја исфрли партијата АфД и таа веќе не е дел од истото европско семејство, како што е партијата на Мелони. Мислам дека e ИД (Идентитет и демократија). Тие имаат сосема различен концепт на крајно десничарење. Но, ако е тезата дека таму беа луѓе кои претежно имаат суверенистички политики (Попетревски воопшто не го спомена тоа – н.з.) тогаш можам да се сложам со вас“.

Дали ние може да се сложиме со прилично самоуверената експликација на премиерот? Нема никаков проблем да се сложите ако мислите дека речиси сѐ што кажува премиерот е точно, бидејќи тој следи многу работи, па и прегрупациите во европските политички семејства. Но ако ги следите настаните, раслојувањата и прегрупирањата во крајнодесничарските и популистички политички семејства во Европската унија тогаш ви е многу јасно дека она што го зборуваше премиерот не одговара на случувањата и сојузите во Европската унија. Всушност, дека такви настани воопшто не се случиле.  Се разбира, Попетревски имаше уште многу други поважни прашања отколку да навлегува во детали за поделбите и новите сојузи во европската крајна десница. Насмевката изгледаше како логичен одговор. Затоа, ајде да анализираме.

Мелони и АфД

Национално-конзервативната крајно десничарската партија на Џорџа Мелони, Браќа на Италија, никогаш била дел од политичката групација Идентитет и демократија во Европскиот парламент. Партијата на Мелони, како неофашистички наследник на Бенито Мусолини, во нејзините маргинални времиња беше дел од најголемиот политички чадор во ЕУ, Европската народна партија (ЕПП), но во 2014 година ја напушти за да се придружи на Европските конзервативци и реформисти. Тогаш таму еден од главните членови беше Конзервативната партија на Велика Британија, која во оваа група ја внесе тогашниот премиер Дејвид Камерон. На Браќата на Италија ѝ одговараше политичката програма за „конфедерална Европа“ на држави спротивно на проектот за „федерална Европа“.

Алтернатива за Германија беше формирана само пред 12 години, во 2013. На изборите во 2014 за Европскиот парламент успеа да го помине прагот и да освои седум пратеници. Тогаш беше во афилијација со Европските конзервативци и реформисти за да ги напушти после неколку години и заедно со крајните десничари од Лига на Матео Салвини, Националниот собир на Марин Ле Пен и Данската народна партија ја формираа групата Идентитет и демократија. Но кога во 2023 година во Потсдам се одржа екстремно контороверзен собир на АфД, Марин ле Пен реши дека не може да биде во иста политичка група со оние кои се уште подалеку од нејзините крајно десничарски ставови и поотворено се надоврзуваат на германското нацистичко минато.

Во мај 2024, еден месец пред европските избори, партијата на Ле Пен и другите членови на Идентитет и демократија соопштија дека не можат да бидат во иста политичка група со АфД откако нејзиниот водечки кандидат за изборите, Максимилијан Крах, изјави дека не сите припадници на СС единиците во Втората светска војна може да се сметаат за злосторници. Не само што АфД беше протерана од Идентитет и демократија, туку и самата политички група по јунските европски избори престана да постои. Партијата на Џорџа Мелони, Браќа на Италија, никогаш не беше дел од оваа политичка група, за да се раздели од АфД, како што тврдеше премиерот.

АфД по јунските избори заедно неколку други екстремно десничарски партии (меѓу кои и бугарската Преродба) ја формираа групата Европа на суверени држави. Нејзините поранешни партнери од ИД формираа нова силна политичка група во Европскиот парламент наречена Патриоти за Европа, во која се Фидес на Виктор Орбан, Националниот собир на Марин Ле Пен, Лига на Матео Салвини, Партијата на слободата на Австрија на веројатниот иден канцелар Херберт Кикл, партијата на Герт Вилдерс од Холандија, екстремно десничарските партии од Шпанија и Португалија, Вокс и Шега… Партијата на Џорџа Мелони не е во ова друштво, таа остана во групата Европски конзервативци реформисти.

Можеби ова изгледа како премногу детализирање, но е важно за да се знае дека не треба секогаш да се изрекуваат лесни зборови и лесни заклочоци. Па макар биле и од премиер.

Патриотизмот на Патриотите

Другиот дел во продолжението од разговорот со Васко Попетревски изгледа посуштински затоа што се однесува на идеолошката траекторија по која сака да чекори ВМРО-ДПМНЕ под водството на Христијан Мицкоски. Тој рече: „Јас повеќе би се идентификувал со конзервативни, суверенистички патриотски политики, отколку со глобалистички и либерални“. Па дури и со лесна насмевка рече дека – „Ексклузивно за вас може да кажам дека таму (во Вашингтон) имав можност да бидам на вечера со Најџел Фараж“.

Демохристијанската идеологија и политика (која е сржта на функционирањето на Европската унија) изгледа како да паднала во втор план. Патриотизмот на Патриотите на Европа, во која еден од најважните членови е Фидес на Виктор Орбан, како да е центрифугалната сила која го привлекува ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Тешко е веројатно дека ВМРО-ДПМНЕ би сакало да го напушти широкиот и непропустлив чадор на Европската народна партија и да се приклучи на групација којашто е штотуку формирана. Плус, во Патриотите за Европа нема партија од земја која не е членка на ЕУ.

Каква е идеолошката траекторија по која сака да чекори ВМРО-ДПМНЕ под водството на Христијан Мицкоски
Каква е идеолошката траекторија по која сака да чекори ВМРО-ДПМНЕ под водството на Христијан МицкоскиФотографија: Government of North Macedonia

А ако „ексклузива“ со која може да се фали Мицкоски е присуството на вечера на која бил Најџел Фараж (моторната сила за „Брегзит“ заедно со Борис Џонсон), тогаш работите може да изгледаат уште покомплицирани за лидерот на владејачката партија. Фараж не е човекот со кој видните членови на Европската народна партија (каде ВМРО-ДПМНЕ е член) би се фалеле дека биле на вечера. Во клучните проевропски политички кругови на Фараж се гледа како на „виновникот“ за излегувањето на Велика Британија од ЕУ. Лидерите на ЕПП не сакаат ни да биде споменувано дека можеле да се најдат во каква било близина со Фараж. Но еден Европеец близината на Фараж особено ја негува и посакува – Виктор Орбан.

Па да продолжиме да анализираме. За суверенистичките политики со кои Мицкоски се идентификува и ја води земјата која е многу сиромашна, политички заглавена на патот кон ЕУ и што значаат тие за една мала нација како Македонија. Што значи да си суверенист во сиромаштија.

Што е суверенизмот

Политичките научници, особено оние кои специјално го проучуваат популизмот од крајно левата и од крајно десната страна на политичкиот спектар, велат дека суверенизмот е доктрина која поддржува стекнување или зачувување политичка независност на една држава или регион. Оваа идеологија се спротивставува на федерализмот и наднационалните унии и е наклонета кон конфедерација или изолационизам и може да се поврзе со одредени движења за независност. Во Франција, на пример, оваа дифузна политичка струја, претставена и лево и десно од политичката шаховска табла, се залага за „Европа на народите“, така што секоја земја да си ги почитува нејзините особености и автономија. Нејзините бранители се спротивставуваат на европските федералисти, кои се залагаат за федерална Европа и се стремат кон Соединети Европски Држави. Поддржувачите на доктрината на суверенизмот се сметаат себеси за еврореалисти и повикуваат на конфедерална верзија на Европската унија. Суверенизмот обично вклучува национализам.

Професорката на Универзитетот во Болоња, Соња Лукарели, вели дека суверенистичките, популистичките и нелибералните сили, кои беа родени како антиевропски, неодамна преминаа на повеќе „реформистички“ позиции за процесот на интеграција: тие имаат за цел да ја трансформираат Унијата, давајќи помала тежина на наднационалната компонента и да им се врати гласот на земјите-членки. Оваа промена на насоката е подеднакво опасна, вели таа.

„Суверенистичкиот популизам се храни со незадоволството од негативните ефекти на економската глобализација, недовербата во таканаречениот „естаблишмент“ (вклучувајќи го и европскиот) и стравот“, напиша Лукарели во еден текст. И продолжува: „Она што сега е во ризик, меѓу другото, се внатре-европска солидарност (суштински обврзувачка точка на Унијата), самиот опстанок на либералната демократија во Европа, зачувување на слободното движење на лица во Шенген зоната, фокусот на почитувањето на човековите права во домашната и надворешната политика“.

Европските институции се лесна цел за обвинување за националните прашања за кои Европската унија можеби не е одговорна и поради тоа тие стануваат омилени жртвени јарци за повеќе политички лидери и партии низ Европа кои можат да ги користат како своевидно оружје за масовно уништување.

И тука може да анализираме. Ако суверенистите се залагаат на земјите-членки на ЕУ да им се врати силниот глас при одлучувањето и ако тие се за некаква конфедерална верзија на Унијата, тогаш зошто „суверенистот“ Мицкоски не може никако да го разбере упорното инсистирање на Бугарија Македонија да ги исполни преземените услови од преговарачката рамка. Всушност, клучниот услов, промената на уставот. Ако „суверенистот“ Мицкоски се идентификува со патриотски политики, тогаш и некој друг може „суверенистички“ да се идентификува со политики за коишто тој мисли дека се патриотски. Она што Софија го тврди навистина е извадено од деветнаестовековниот шинел, со нивните промашени тврдења тие ја промашуваат и историјата и сегашноста (за иднината е комплицирано да се предвидува), но ако и тие стојат на некоја суверенистичка карпа тогаш барањето за посилен глас во ЕУ изгледа политички опортун.

А во исто време, сиромашната Македонија, свиткана во кожурецот на песимизмот, со привидна гордост, а во овој момент без перспектива, ќе ги промовира суверенистичките позиции онаму каде што уште не стигнала. И не се знае кога ќе стигне. Па дури ќе се обидува да поставува услови кои сега изгледаат како понуда на маса до ЕУ (или Бугарија) – земи или остави. Тоа „земи“ е важење на уставните измени со одложено дејство. Мицкоски директно и индиректно го повикува  на средба новиот бугарски премиер Росен Жељасков на средба да разговараат како соседи, а во исто време вели дека од условот за одложени уставни измени нема да отстапи. Ќе видиме што ќе биде од тоа – можеби нешто ќе се земе, а нешто ќе се остави. Ако дојде до ваква средба во догледно време.

И најпосле. Поранешниот вицепремиер и министер за финансии Зоран Ставрески за време на финансиската криза 2008-2009 во една до денес запаметена колумна во „Дневник“ пишуваше дека Македонија може да профитира од тогашниот глобален финансиски хаос, затоа што нашата отворена економија со воведениот рамен данок ќе биде извонредно привлечна за странските инвеститори. Знаеме дека тоа не се случи.

Ставрески денес е советник за финансии и банкарство на премиерот Мицкоски. Кој може да знае дали од него дошла идејата или едноставно Мицкоски се напојувал од претходните изјави на Ставрески, кога во интервјуто со Попетревски, коментирајќи ги можните царини на Доналд Трамп за ЕУ, што ќе има важни последици за Македонија, бидејќи нашиот извоз во огромна мерка оди во Германија, но премиерот беше ингениозен.

„За Македонија не може да има последици ваквата можна одлука на Трамп, бидејќи ние не сме ни илјадатинка од она што претставува трговска размена меѓу САД и ЕУ… Ние ќе произведуваме овде и ќе произведуваме во име на Германија за Америка. И нема да ја имаме таа голема царинска стапка како за ЕУ. И еве шанса како да ја помогнеме германската економија да биде подобра. Зборувам за германски инвестиции во Македонија кои како македонски производи без зголемени царини ќе бидат извезувани во САД“.

Кој како сака нека ја цени понудената рака за помош на Мицкоски на германската економија. Некои велат дека тоа навистина може да биде чекор во вистинска насока. Други само ја пуштаат чудесната песна на „Лед цепелин“ – Dazed and confused (Зашеметен и збунет).

 

Најново

(ВИДЕО) ЕДНА ОД НАЈДОБРИТЕ ИНСТРУМЕНТАЛНИ ПЕСНИ НА СИТЕ ВРЕМИЊА

Sase Ivanovski

Коста Костадинов: Ги слушнав барањата на организаторите и ветувам дека се што е во моја надлежност и надлежност на општината, а веќе не е направено, ќе се потрудиме да направиме.

Sase Ivanovski

СДСМ – Скандал во Шутка: Васов кој ја прегази Фросина добил мобилен телефон, Тошковски да одговори кој го шити?

Sase Ivanovski

Никогаш не се расправајте или борете се со нарцис – правете го ова наместо да ве заробат д-р Рамани

Sase Ivanovski

Шукова: Парното поскапува заради неспособноста на Владата, стандардот на граѓани во слободен пад

Sase Ivanovski

Лефков: ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија на сите пресуди каде криминалци во време на СДС наместо затворски добиле пониски казни, судот мора да покаже поголема одговорност

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Катни гаражи на Клинички – решение за паркинг или „златна кокошка“ за идниот концесионер

Sase Ivanovski

ВМРО-ДМПНЕ: За седум години власт СДС потроши над 30 милијарди евра буџетски пари и не направи ништо за развој на економијата и државата

Sase Ivanovski

ВЛЕН: Ги зголемуваме платите на здравствените работнициза да го подобриме квалитетот на услугите

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се тие кои што го уништија енергетскиот систем и претпријатија, а цената на струјата ја покачија за 50%

Sase Ivanovski

НСДП: ЗАРАДИ НЕСПОСОБНАТА ВЛАДА НАД 60 ИЛЈАДИ ДОМАЌИНСТВА ВО СКОПЈЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОСКАПО ПАРНО

Sase Ivanovski

СДСМ: Дали има коалициски договор во Владата да се чека Косово на патот кон ЕУ?

Sase Ivanovski

СДСМ: Симовска веднаш да биде разрешена, за хаосот на Клиниката „Козле“ мора да има одговорност

Sase Ivanovski

Шукова: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се некадарни да водат држава, не се грижат за грѓаните

Sase Ivanovski

Герасимовски: Ги миеме улиците и ги чистиме клупите во Центар, работиме и викендов

Sase Ivanovski

СДСМ: Лефков и ВМРО-ДПМНЕ се очајни, судијката е од тефтерчето на Јанкуловска избрана во 2012 година

Sase Ivanovski

Обвинителството побара притвор за жената која со автомобил удри пешак и не му пружи помош

Sase Ivanovski

Се размислува за законски измени за повисоки казни во сообраќајот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Марков: Во време на СДС се вршени злоупотреби со лековите за ретки болести на Клиниката за дерматологија, констатира ДЗР

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: За време на владеење на СДС, ВМРО-ДПМНЕ беше под политички прогон преку монтирани случаи за кои судиите, партиските соопштенија, ги преточуваа во пресуди

Sase Ivanovski

СДСМ: Мицкоски го осиромашува народот – Македонија на врвот со најскап леб во Европа!

Sase Ivanovski

Мицкоски: Се изгради зграда за социјално ранливите семејства во Општина Кочани

Sase Ivanovski

Полни рафтови, празни каси: Граѓаните ги бојкотираа маркетите поради високите цени

Sase Ivanovski

Контраспин: Стоилковиќ и Додик со љубов од Скопје само за Белград и Москва

Sase Ivanovski

Ноќеска почувствуван земјотрес, епицентарот десет километри источно од Скопје

Sase Ivanovski

Во напад на пазар во Судан загинати повеќе од 50 луѓе

Sase Ivanovski

Продолжуваат протестите на српските студенти, денеска се затвораат трите моста во Нови Сад

Sase Ivanovski

Уапсена жената што удри пешак и побегна

Sase Ivanovski

Од денеска на сила царините на Трамп за Канада, Мексико и Кина, најавени се давачки и за ЕУ

Sase Ivanovski

На градинките во Карпош итно им треба персонал: За 25 деца во јасли се грижи една негувателка

Sase Ivanovski

Анализа на КРИК за борбата на српската СНС во Нови Сад за наклоноста на Андреј Вучиќ

Sase Ivanovski

Сами си ги убивме децата

Sase Ivanovski

Мобилниот телефон на Васил Јованов во притвор му е одземен, ќе следува истрага за затворската полиција за санкционирање на тој што му го овозможил

Sase Ivanovski

Зеленски: Нападите од Русија се доказ дека ни треба поголема поддршка

Sase Ivanovski

Шест арапски земји го отфрлија планот на Трамп за раселување на Палестинците

Sase Ivanovski

Прометот на маркетите паднал на половина за време на бојкотот, премиерот Мицкоски вели се прават анализи

Sase Ivanovski

Лажната изборна победа на Лукашенко во Белорусија

Sase Ivanovski

Николоски: Со реалните цени на државниот квадрат ќе се регулира пазарот на недвижнини

Sase Ivanovski

Измама: ЈП „Тетовo Транспорт“ не нуди билети за 145 денари, не кликнувајте на линкот

Sase Ivanovski

Дувњак: Данците трчаат 60 минути, нè чека вистинска војна!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Илјадници студенти и граѓани ги блокираа мостoвите во Нови Сад, Мостот на слободата ќе биде блокиран 24 часа

Sase Ivanovski

Костова: Кукавички е Мицкоски да се иззема од процесот на покачување минимална плата

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ спрема анкети за кандидати за градоначалници

Sase Ivanovski

МЛАДИТЕ БРАЧНИ ДВОЈКИ НЕ МОЖАТ ДА СИ КУПАТ СТАН Николовски најави дека се работи на нормализирање на цената за квадратен метар

Sase Ivanovski

Се запалил руски шпионски брод крај Сирија, горел со часови

Sase Ivanovski

СКОПЈАНКА ГО ИСКРШИЛА ВОЗИЛОТО НА ДЕВЕРОТ Полицијата синоќа ја привела

Sase Ivanovski

ВЕЛЕ МИТАНОСКИ: Данок во крв (убија дете) – корумпираниот систем ја усмрти Фросина

Sase Ivanovski

Гостивар се засили со поранешен напаѓач на Лидс кој вреди 700.000 евра

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија на судски пресуди: Судијката беше главен извршител на СДСМ

Sase Ivanovski

Еден од најбараните трговци со дрога е уапсен во Колумбија, тврдел дека е српски бизнисмен

Sase Ivanovski

Симулациска вежба за проверка на функционалноста на системот за безбедност

Sase Ivanovski

Лажниот полицаец ги „одра“ кумановци – жена му дала 30.000 евра на измамникот

Sase Ivanovski

Студенти од Хрватска со протестен молк ги поддржаа српските колеги

Sase Ivanovski

„Забрането дишење“: Протестен марш во Струмица против енормното загадување

Sase Ivanovski

ВМРО-Народна повикува да се бојкотира ексју музиката

Sase Ivanovski

Николоски: Државата ќе гради комерцијални станови за да ја спушти цената на квадратот

Sase Ivanovski

Вучиќ: Тргнаа во напад на Србија однадвор, поддржани од многумина одвнатре

Sase Ivanovski

Шведска: Oслободени се уапсените за убиството на Ирачанецот кој го палеше Коранот

Sase Ivanovski

ДУИ изразува загриженост за измените на Законот за инспекциски надзор

Sase Ivanovski

Прилепските фирми заинтересирани за унгарскиот кредит, 25 се подготвени за аплицирање

Sase Ivanovski

Една недела гори депонијата кај Прилеп, според надлежните намерно се пали

Sase Ivanovski

Утре нов граѓански револт за Фросина, протестот започнува во 17 часот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО+ФОТО) Поради петочната молитва сообраќаен хаос на булеварот „Гоце Делчев“ кај УКИМ

Sase Ivanovski

„Вреди“ Ги зголемуваме платите во здравството, услугите се сѐ подобри

Sase Ivanovski

Шукова: Неспособната власт купила поскап гас

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Во Сплит, Загреб и Осиек се одржаа собири за поддршка на српските студенти

Sase Ivanovski

Родителите на најголемиот крипто-измамник бараат помилување од Трамп: Ќе се ослободи ли Сем Банкмен Фрид?

Sase Ivanovski

Мицкоски за цените во маркетите: Нашите стравувања стануваат вистина и реалност

Sase Ivanovski

Ни требаат системски решенија за безбедноста во сообраќајот, вели директорот на БЈБ Јанев

Sase Ivanovski

Инспекторите се во сите поголеми маркети, вели Мицкоски по вчерашниот бојкот

Sase Ivanovski

Костова: Мицкоски е директен соучесник во покачувањето на цените

Sase Ivanovski

Хрватската легенда Аљоша Асановиќ се сретна со Омерагиќ и Христов

Sase Ivanovski

Возач загина откако излетал од скопската обиколница

Sase Ivanovski

Сто милиони евра повеќе за здравството, во мај ќе пораснат платите за 5 до 8 отсто

Sase Ivanovski

Бојкотот на македонските маркети поуспешен и од хрватскиот – прометот речиси преполовен

Sase Ivanovski

Николоски: Во моментот се градат социјални станови во три општини

Sase Ivanovski

Карпош ги запали багерите, се чистат „дивонаселени импровизирани градби“

Sase Ivanovski

Мицкоски: Месецов ќе почнеме со анкети за кандидати за градоначалници

Sase Ivanovski

ВМРО-НП бара да се бојкотираат настапите на ексју-изведувачите, ги качувале цените на концертите

Sase Ivanovski

Одлична вест за Ѓоковиќ: Повредата не е толку сериозна, се враќа побрзо од очекуваното

Sase Ivanovski
Вчитувам....