Во светот на порноиндустријата има содржина за секој фетиш, фантазија и жанр што може да ви текне. Обидете се да напишете кој било збор и веројатно ќе најдете се што ќе посакате. Она што најмногу ги возбудува жените во сексот, според статистичките податоци, анкетите и анонимните истражувања е сексот во тројка, кој води убедливо. Една платформа специјализирана за аудио порнографија (да, постои и таа – затоа што жените „преферираат слушање“) спроведе анкета меѓу женските корисници. На прво место жените го одбрале сексот во тројка. Дали повеќе преферираат две девојки и еден маж или обратно, анкетата не прецизира.
На второ место е оралниот секс, но не вашиот, туку нејзиниот. И да, интересно е што оваа практика е високо рангирана на аудио платформата. Значи звукот е важен. Третото место го држи романтичниот секс но не се опуштајте. Класичната формула – свеќи, музика, долга предигра и контакт со очите е одлична. Но веднаш зад тоа, со речиси со ист број на гласови доаѓа грубиот секс. Заклучок? Жените сакаат нежност. И контрола. Она што жените го гледаат не значи дека сакаат и да го прават. Важно е да знаете дека фантазијата не е исто што и реалноста.
Дали сепак големината е важна? Студиите велат дека дебелината има поголемо влијание врз чувството на жената отколку должината. Оптимална должина? 15-18 см. Сè повеќе од тоа често предизвикува непријатност. Но, она што најмногу ги поттикнува жените е самодовербата, поврзаноста и вештината. Накратко, небитно како изгледа, туку како го користите она што го имате.
Порно митови кои треба да се заборават. Ејакулација на лице? Излегува дека е популарна во филмовите, но само 9% од жените и мажите сакаат тоа да го гледаат, а уште помалку го сакаат во реалниот живот. Бескрајни оргазми? Во анкета на 805 медицински работници (кои знаат анатомија), 42,7% од жените изјавиле дека можат да постигнат повеќекратен оргазам. Значи, тоа не е мит – но не го очекувајте секој пат.
Секс без емоции? Може да биде во порно. Во реалниот живот, жените се повеќе возбудени ако постои емотивна поврзаност, дури и ако е илузија. Сексот е ментална игра – чувајте го тоа во вашата глава.
Порнографија – штетна или корисна? Според големото меѓународно истражување (над 100.000 испитаници), мажите имаат тенденција да се споредуваат со актери, што ја убива нивната самодоверба. Жените, од друга страна, преку гледање порно често ги ослободуваат своите сексуални инхибиции, ги прифаќаат своите тела и повеќе уживаат во сексот.
Решение? Гледајте заедно. Или барем разговарајте за тоа. Дури и ако не ви е јасно зошто таа сцената со учителот по јога и ученикот ја смета за „навистина интересна“, резултатот може да ве изненади. Жените сакаат да ги сакате, да доминирате, да ги почитувате и понекогаш да ги изненадите. Клучот е разбирање и отворена комуникација. А порнографија? Можеби не е реална, но ако знаете како да ја користите, може да биде најкорисниот секс учител што некогаш сте го имале, пишува „Сенса“.