Нови три бода вчера освои Вардар Неготино против Вардарски (0-3). За неготинци погодија Димитар Јанкулов, Ѓорѓи Шишков и Петар Обадиќ. Интересно беше што во еден момент, од засега непознати причини за нашиот портал, водството на екипата го превзеде кондиционот тренер Горан Стојановски и успешно ги водеше неготинчани до убедлива победа.
Во другите натпревари Башкими по голема борба славеа над Детонит Плачковица со 3-2. Иако на полувреме имаа негатива. Во дербито на колото, во кое Арсими и Македонија ЃП ремизираа без погодоци. Брегалница како гостин го совлада тимот на Охрид со голот на Иванов во судиското продолжение, Новаци го декласираше Скопје со 4-0, додека дербито на истокот меѓу Саса и Осогово заврши со победа на домашниот состав од 1-0.