Владата во Србија денеска потпиша Меморандум за разбирање со Европската Унија за стратешко партнерство за одржливи суровини. Документот беше потпишан изутринава по средбата меѓу германскиот канцелар Олаф Шолц и српскиот претседател Александар Вучиќ, а тамошните медиуми ексклузивно ја пренесоа содржината на овој документ. Имено, во Меморандумот за разбирање меѓу Европската Унија и Република Србија за стратешко партнерство за одржливи суровини се наведува дека вредноста на батериите и електричните возила ќе ужива длабока и долготрајна врска меѓу двете страни, при тоа споделувајќи длабока економска интеграција и соработка преку зоната за слободна трговија воспоставена со Договорот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Србија.
1.Меморандумот за соработка има за цел да развие заемно-корисно стратешко партнерство за одржливи суровини, синџири на вредност на батерии и електрични возила, во согласност со новиот план за раст за „Западен Балкан 2“, додека истовремено се подобрува интеграцијата на Србија на единствениот пазар на ЕУ. Сето тоа е врз основа на „писмото“ за намери потпишано од претставниците на Владата на Република Србија и на ЕУ на 22 септември 2023 година во Њујорк кога страните ја потврдија нивната заедничка амбиција за зајакнување и проширување на соработката во критичните суровини и синџирите на вредност на електричните возила.
2.Понатаму во документот стои дека врз основа на заедничката потреба на двете страни да се справуваат со климатските промени, и да се продолжи со зелена транзиција и обезбедување на стабилно снабдување со одржлива енергија, материјали и технологии кои се инструментални за одржување на конкурентноста на двете економии. Двете страни се обврзуваат да го минимизираат штетното влијанието врз животната средина и во исто време ја зголемуваат еластичноста на стратешките екосистеми. Страните признаваат дека обезбедувањето одржливо снабдување со суровини, е од суштинско значење за промовирање на зелената и дигиталната економска транзиција која е овозможувачки фактор за декарбонизација на производството на енергија, поврзување и мобилност.
3. Затоа, ублажувањето на можните нарушувања во снабдувањето со суровини е клучно за зачувување на глобалната конкурентност, развивање на отпорноста на индустриите на двете земји, зајакнување на единствениот пазар на ЕУ и економијата на Србија. Дополнително „Зелениот договор“ на ЕУ4 и „Зелената агенда“ за „Западен Балкан 5“ ги идентификуваат батериите како клучна технологија за побрз пробив на транзицијата кон обновливата енергија. Одржливо произведените батерии ќе бидат клучни за декарбонизација на транспортниот и енергетскиот сектор, намалување на емисиите на ЦO2 и создавање „зелен раст „и висококвалитетни работни места.
Меморандумот Србија со ЕУ како рамка за идна цврста соработка меѓу двете страни
Глобалната побарувачка за батерии се очекува да порасне до 20 пати во следната деценија поради поголема побарувачка на електрични возила и распоредување на стационарно складирање енергија, како и индустриски и поморски апликации. Партнерството треба да претставува сеопфатна рамка за ориентирана кон иднината и долгорочна соработка меѓу страните, што дополнително ќе ги зајакне политички односи и ќе го стимулира долгорочниот економски раст во Србија и ЕУ – стои во документот.
Понатаму се наведува соработката во овој поглед, доколку успешно се спроведе, може да обезбеди можност за страните да воспостават безбедно, достапно и одржливо снабдување со батерии и електрични возила, вклучително и релевантни компоненти.
Клучни точки од договорот потпишан во Белград за соработка со ЕУ
- Промовирање на подобрена економска интеграција на единствениот пазар на ЕУ и економски раст на двете страни.
- ЕУ да ја поддржи Србија во развојот на домашни и вертикално интегрирани синџири на вредност на батерии и електрични возила во согласност со правилата и стандардите на Унијата.
- Минимизирање на влијанијата врз животната средина.
- Да се олесни усогласувањето на политиката и регулаторната рамка и да се осигури дека регулативите не создаваат пречки за одржливиот развој или снабдувањето со суровини од ЕУ или електрични возила.
- Да се создаде олеснителна и поблиската соработка за истражување и иновации долж соодветните синџири на вредности меѓу двете страни.
- Примена на релевантни финансиски и инвестициски инструменти за намалување на ризикот за штета врз екологијата.
- Заедничка соработка за развој на потребните вештини за висококвалитетни работни места и кои ќе го олеснат градењето на капацитети за развој на одржливи синџири на вредност на суровини и батерии. Затоа во интерес на двете страни е да продолжат да градат позитивна и долгорочна соработка и интеграција во рамките на програмата за партнерство кое се заснова на Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ДСА) на Србија со ЕУ.