34.8 C
Скопје
07/06/2025 14:21
МАКТЕЛ

   

Што сè треба да направи еден матурант за да заврши средно образование и да се запише на факултет?

      

Учениците кои завршуваат гимназиско образование и оние од четиригодишните стручни училишта мора да полагаат државна матура доколку планираат да се запишат на факултет. Оние кои не планираат високо образование, може да изберат училишна матура или завршен испит. Учениците од тригодишните стручни училишта полагаат завршен испит, кој не им овозможува директен упис на факултет, но им дава право на вработување или на продолжување на образованието во четврта година. Завршувањето на средното образование во Македонија е регулирано со закон и вклучува повеќе обврски кои средношколците-матуранти мора да ги исполнат за да стекнат сертификат или диплома и евентуално да продолжат на високо образование. Според Законот за средно образование, на учениците им претстојат задолжителни испити, проектни задачи и административни постапки кои се клучни за добивање на статусот матурант и за упис на универзитет.

Државната матура е наменета за сите средношколци од гимназиското и од четиригодишното средно стручно образование. Покрај тоа што претставува завршен дел на средното образование, има за цел да послужи и за селекција на кандидатите за запишување на високото образование. Државната матура во земјава започна да се реализира во 2008 година и оттогаш претрпе неколку измени. И додека во подготовка е нов концепт за полагање на државниот матурски испит, и оваа учебна година остануваат да важат правилата од изминатите. Во Концепцијата за матура за средното образование се предвидени три модели на испити: државна матура, училишна матура и завршен испит. Учениците во гимназиско и во уметничко образование може да изберат да полагаат државна или училишна матура, додека оние од четиригодишно средно стручно образование бираат помеѓу државна матура и завршен испит. Заедничко за сите видови на испити е што секој од нив се состои од три дела – задолжителен дел, изборен дел и проектна задача. Државна матура Концептот за државна матура вклучува два екстерни, односно задолжителни предмети за сите ученици – од гимназиско, четиригодишно стручно и уметничко образование. Првиот задолжителен предмет е мајчин јазик (македонски јазик и литература, албански јазик и литература, турски јазик и литература или српски јазик и литература), додека за вториот задолжителен предмет средношколците може да одберат помеѓу странски јазик (англиски, француски, германски, италијански) и математика.

   

Во Концепцијата стои дека мајчиниот јазик „мора секој добро да го познава, токму поради придавката ‘мајчин’“, додека за странски јазик се вели дека „познавањето на барем еден странски јазик денес е неопходно за секој млад човек да биде успешен“. За математиката, во Концепцијата се вели оти е еден од темелните наставни предмети во основното образование, има „висока прогностичка вредност“ и со неа се развива логичкото мислење. Екстерните испити од државната матура сè уште се полагаат писмено. Покрај екстерните (задолжителни), матурантите полагаат и два интерни, односно изборни предмети, а тука можат да изберат кои било два од предметите што ги изучувале во средното образование најмалку две учебни години, со најмалку два часа неделен фонд или пак наставен предмет што се изучувал со најмалку 138 часа вкупен фонд. Главната разлика помеѓу екстерното и интерното полагање на предметите е што првите ги оценуваат оценувачи што се избрани на јавен повик објавен од Државниот испитен центар (ДИЦ), додека оценувањето на испитите што се полагале интерно го прави интерна комисија составена од вработени во училиштето во кое учи ученикот. Ученикот има право, покрај четирите наставни предмети (два екстерни и два интерни) и проектната задача кои се пропишани да ги полага во рамките на државната матура, да избере и други, најмногу два предмети од листата на предмети за изборниот дел на државната матура. Овие дополнителни предмети на ученикот му овозможуваат пошироки предуслови за влез во високото образование. Државната матура е услов за упис на факултет. Училишна матура Училишната матура е наменета за учениците од гимназиското и уметничкото образование кои не се определиле за државната матура, односно не планираат да продолжат во високото образование. Целта на овој испит, според ДИЦ, е добивање сертификат за завршено гимназиско или уметничко образование. Со полагањето на училишна матура, матурантите и официјално го завршуваат својот образовен процес.

„Училишната матура се полага според посебни испитни програми кои се темелат на целите на наставните програми за соодветните наставни предмети кои се вклучени во листата за училишна матура“, се вели на сајтот на Државната матура (matura.gov.mk). Завршен испит Слично како и училишната матура, завршниот испит е наменет за учениците кои нема да полагаат државна матура, но за оние од средно стручно образование. И во овој случај, со полагањето на завршниот испит, учениците добиваат сертификат со кој се означува крајот на нивното образование, односно со завршен испит не можат да се запишат на факултет. Учениците во тригодишно средно стручно образование задолжително полагаат завршен испит, додека оние од четиригодишно стручно образование може да одберат помеѓу државна матура и завршен испит. Проектна задача Составен дел од државната матура, училишната матура и завршниот испит е и проектната задача. Таа претставува проучување на проблем што ученикот го избира од некој од наставните предмети или пошироко од образовните области. Проектната задача, како составен дел од завршниот испит во средно образование, служи за проверка на практичната оспособеност на ученикот за вршење на работи од областа на струката. Учениците треба да изработат проект на одредена тема, кој вклучува истражување, анализа и презентирање пред комисија. Оваа задача е задолжителна за матурирање и носи одреден број поени. Проектната се избира од наставните предмети и области за кои се определил ученикот. Оценување За да се положи кој било од испитите (државна матура, училишна матура, завршен испит, проектна задача), потребно е истиот да биде оценет со минимален праг од доволен (2). Резултатите на кандидатите кои го положиле испитот се изразуваат со оценка на скала од 2 – 5 и перцентилен ранг на скала од 0 – 100. Резултатите на кандидатите кои не го положиле екстерниот испит, пак, се изразуваат со бодови. Познати датумите за полагање на екстерните испити од државната матура Учениците треба да се пријават за матурските испити преку своето училиште, а овој процес е веќе започнат. Потребно е да ги одберат изборните предмети што ќе ги полагаат, да поднесат проектна тема и да ги достават сите неопходни документи побарани од училиштето. Државниот испитен центар (ДИЦ) веќе го објави календарот за полагање на екстерните испити од државната матура за оваа учебна година. Па така, во јунската испитна сесија, мајчин јазик ќе се полага на 31 мај, додека странски јазик или математика ќе се полага на 11 јуни.

Во августовската сесија, пак, мајчин јазик ќе се полага на 12 август, додека странски јазик или математика – на 14 август. Новина е што оваа година, матурантите кои учат во скопските средни училишта испитите од државната матура ќе ги полагаат во амфитеатри и предавални на факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ). Матурантите од Штип, пак, ќе полагаат на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД). Ова се прави за да се намалат препишувањата, кои секоја година се евидентираат во голем број. Минатата година, пак, наместо во училници, матурантите ги полагаа испитите од државната матура во спортските сали на училиштата и во холовите.

Упис на факултет

За запишување на факултет, матурантите треба да ја положат државната матура, која е услов за упис на универзитетите во Македонија. Запишувањето во високообразовните установи во Македонија се одвива според условите и критериумите утврдени од самите универзитети. Универзитетите го земаат предвид успехот од државната матура како основен критериум за прием, но и општиот успех од средното образование. Некои факултети може да бараат дополнителни приемни испити или практични тестови, особено во уметничките и техничките области. Секоја година, универзитетите во Македонија објавуваат конкурс за упис со сите детали за достапните студиски програми, квотите за прием на студенти, критериумите за рангирање на кандидатите и потребните документи за пријавување (диплома за завршено средно образование, свидетелства, уверение за положена државна матура итн.). Конкурсите се објавуваат во средствата за јавно информирање и на веб-страниците на универзитетите, обично во јуни или јули пред почетокот на академската година. Нова концепција за државната матура? Во моментов се подготвува нов концепт за полагање на државниот матурски испит. Според најавите, испитот ќе биде различен во средното стручно образование и во гимназиите, односно нема да биде унифициран како што е сега. Во меѓувреме, многу пати се споменуваше и идејата за набавка на блокатори кои би се поставиле во училниците и кои би оневозможиле преписи, но Министерството за образование и наука засега не ги набавува уредите бидејќи се скапи. Просечната оценка која ја постигнаа средношколците на државната матура минатата учебна година беше 3,25, што е помалку од претходните две години. Во 2023 година просечната оценка беше 3,65, додека во 2022 година – 3,78. Ова, според Државниот испитен центар како надлежна институција за спроведување на процесот е резултат на заострените мерки при полагањето кои овој пат беа преземени. Директорката на Државниот испитен центар Билјана Михајловска тогаш за Мета.мк информираше дека биле откриени 49 ученици кои за време на решавањето на тестовите користеле мобилен телефон, додека 4 ученици се фатени како препишуваат решенија по претходно добиени одговори на поставените прашања. При оценувањето на тестовите, оценувачите детектирале 175 ученици кои препишувале на тестовите, како и 22 плагијати. На 268 ученици, пак, им беше изречена мерката поништување на испитот. Извор: Новинска агенција МЕТА

   

Најново

Во Тексас стравуваат од сериски убиец

Sase Ivanovski

Албанците се недоволно застапени во клучни институции, реагира ДУИ

Sase Ivanovski

Загина девојка од Сарај во тешка сообраќајна несреќа

Sase Ivanovski

Возачите кои транзитираат да не возат со голема брзина, немаме патишта за брзи возила

Sase Ivanovski

Утре изгор жешко со температура до 38 степени

Sase Ivanovski

Филипче: Бугарија треба да каже дека нема да има барања на непринципиелна основа

Sase Ivanovski

Уапсен криминалец од Штип за доиздржување затворска казна од 12 години

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Две милијарди евра инвестиции во железничкиот сообраќај, брза пруга Табановце-Гевгелија

Sase Ivanovski

Шест месеци по бегството, на Фејсбук се огласи Артан Груби

Sase Ivanovski

Блумберг: Трамп ќе се обиде да депортира мигранти од Хаити, Куба и Никарагва на Балканот

Sase Ivanovski

Трамп против Маск: Кој може повеќе да загуби?

Sase Ivanovski

Возите кон Грција? Внимавајте на големи дупки меѓу граничните премини!

Sase Ivanovski

Утре уште потопло – со температура до 38 степени

Sase Ivanovski

КАПРИ, ИТАЛИЈА

Sase Ivanovski

И ГРЦИТЕ ИМААТ ВЕНЕЦИЈА, СЕ ВИКА АИТОЛИКО

Sase Ivanovski

На српските навивачи нема да им биде дозволено да присуствуваат на натпреварот со Албанија

Sase Ivanovski

Митева: Нов канал за директна комуникација со повредените во трагедијата во Кочани – 070 355 526

Sase Ivanovski

Грета Тунберг со едрилица се приближува кон Газа, сака да ја пробие израелската блокада

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Две милијарди евра инвестиции во железничкиот сообраќај, брза пруга Табановце-Гевгелија

Sase Ivanovski

Дачиќ: Убиството очигледно било нарачано, сторителите платиле за тоа

Sase Ivanovski

ПРЕКРАСНАТА БАРСЕЛОНА

Sase Ivanovski

Филипче: Бугарија треба да каже дека нема да има барања на непринципиелна основа

Sase Ivanovski

ПРЕКРАСНИОТ АМСТЕРДАМ

Sase Ivanovski

Брутално убиено момче во Белград, убиецот има 16 години

Sase Ivanovski

Апелациски суд во САД му дозволи на Трамп да го ограничи пристапот на новинарите на АП во Белата куќа

Sase Ivanovski

(Видео) Трилинг: Архитектот Мишко Ралев можен кандидат за градоначалник на Скопје

Sase Ivanovski

Ќе нема струја на неколку улици во Кисела Вода

Sase Ivanovski

Норвешки лекар осуден за силување на десетици пациентки

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Најбрутален руски напад врз Харков од почетокот на војната

Sase Ivanovski

Маск повикува да се основа нова партија во САД

Sase Ivanovski

Сончево и многу топло со температура до 37 степени

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Стевчо Јакимовски: Леле мори мајко, секој ден е бетер и бетер

Sase Ivanovski

Едно лице е ликвидирано вечерва во центарот на Белград

Sase Ivanovski

Земјотрес со јачина од 6,4 степени го погоди Чиле

Sase Ivanovski

Филипче: Кочоска јасно порача дека платите нема да растат

Sase Ivanovski

ИСТОРИСКИ ДЕН

Sase Ivanovski

Паднати дрва и поплавени булевари од невремето во Скопје

Sase Ivanovski

Муцунски: Сè уште нема позитивен одговор од Бугарија за средба меѓу Сиљановска-Давкова и Радев на самитот на НАТО во Хаг

Sase Ivanovski

(Видео) Неофицијално учествувал градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу: Сообраќајка кај Битпазар

Sase Ivanovski

Македонски тенисер од Универзитетот во Јута обвинет за силување

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Македонија и Белгија ремизираа во Скопје

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Растoт на БДП е најрелевантен показател за политиките што ги спроведуваме и смерница за креирање на идните политики

Sase Ivanovski

ПРЕКРАСНИОТ ЕДИНБУРГ

Sase Ivanovski

ПРЕКРАСНИОТ МОНМАРТР, ФРАНЦИЈА

Sase Ivanovski

Балканец смисли бизнис идеја, носи 300 евра дневно: Не купувајте стан, ова е попрофитабилно!

Sase Ivanovski

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Здружение за коњички спортови и заштита на коњи од Битола и против И.О.(34) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „фалсификување исправа“

Sase Ivanovski

Спасовски: За трагедијата во Кочани мора да има одговорност за актуелни функционери

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Македонија започнува подготовка за пруга, интензивна изградба на автопатот Кичево-Охрид

Sase Ivanovski

Откако ѝ ја даде, Владата сега ќе ѝ ја одзема салата „Партизан“ на Општина Карпош

Sase Ivanovski

Пратеникот Миле Талевски избран за член на Меѓународниот секретаријат на Интерпарламентарното Собрание на Православието

Sase Ivanovski

Бугарскиот министер Георгиев: Инсистираме на спроведување на францускиот предлог

Sase Ivanovski

ФОТО | Невремето во Скопје предизвика поплава на стадионот „Тодор Проески“

Sase Ivanovski

Муцунски во Париз: Искрена благодарност за поддршката од Франција по трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Гаши пресече: Собранието ќе расправа за интерпелацијата на Костадиновски

Sase Ivanovski

ЦУК: По невремето нема пријави за повредени лица, само материјална штета

Sase Ivanovski

ПОБЕДАТА НА НАВРОЦКИ ЗНАЧИ ОТФРЛАЊЕ НА БРИСЕЛ Марин Ле Пен го пофали новиот претседател на Полска

Sase Ivanovski

Општина Кочани почнува со уривање на дивоградбите на трошок на газдите

Sase Ivanovski

Годинава ќе можеме да вадиме електронски лични карти и возачки дозволи, најавува Андоновски

Sase Ivanovski

Мајка на жртва од Кочани: „Кој има душа и разум, нека застане со нас родителите да се бори за правда на убиените ангели

Sase Ivanovski

Во Истанбул трошоците за живот се зголемиле за речиси 50 отсто за една година

Sase Ivanovski

Филипче: Кочоска јасно порача дека платите нема да растат

Sase Ivanovski

ТРАМП: Можеби е подобро да се остават Украина и Русија „да се борат уште некое време“

Sase Ivanovski

Зеленски: Путин чувствува неказнивост

Sase Ivanovski

Кремљ му одговори на Трамп: Војната во Украина е егзистенцијално прашање за Русија

Sase Ivanovski

Расчистено вчерашното „убиство во обид“ во скопско, одредена мерка притвор

Sase Ivanovski

Барди: Во Скопје сме освојувале бодови против Италија и Англија, можеме и против Белгија!

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ му одговори на СДСМ со навреда за пиротехниката во Кочани – „Искажувате некрофилска тенденција“

Sase Ivanovski

Ахмети: Не се плашете, не сакаме да ја поделиме Македонија

Sase Ivanovski

Вајц: Бев мета затоа што одбив да потклекнам на притисокот од Бугарија

Sase Ivanovski

Паднати дрва и поплавени булевари од невремето во Скопје

Sase Ivanovski

Охрид СОС: Нов огромен објект никнува во старата чаршија

Sase Ivanovski

ВИДЕО | СДСМ обвини дека фирма „од периметарот“ на премиерот ја шверцувала пиротехниката во „Пулс“ – Кочани

Sase Ivanovski

Африм Гаши во интервју за порталот Нова тв: Воопшто не сме се откажале од ЕУ интеграциите

Sase Ivanovski

Русија го бомбардираше Киев како одмазда за „Пајажина“, Зеленски бара меѓународен притисок за крај на војната

Sase Ivanovski

Јаневска: Започна изработката на новата стратегија за образование што ќе важи од 2026 до 2032 година

Sase Ivanovski

ФОТО | Русија: Експлозија на железничка пруга во Воронеж, напад и во Брјанск

Sase Ivanovski

Бугарскиот премиер: Немаме билатерален проблем со Македонија, сменете го уставот и имате преговори со ЕУ!

Sase Ivanovski

„Половина година подоцна, рацете уште ви се уште покрвави“ – студентски протести во Ниш

Sase Ivanovski

Николоски се сретна со претседателката на белгиската фудбалска федерација

Sase Ivanovski

Големо невреме во Дојран, граѓаните пријавуваат прекин на струјата и интернетот

Sase Ivanovski
Вчитувам....