Руската армија може да изгуби контрола во уште еден клучен град во областа Луганск. Станува збор за Кремина. Според украинската страна, ако Русите ја загубат Кремина, целата линија на одбрана ќе падне „Руската воена команда е евакуирана од Кремина во Рубижне“, изјави во понеделникот шефот на регионалната воена управа во Луганск, Серхиј Хајдаи. Вооружените сили на Украина го зголемуваат притисокот врз позициите на руските трупи во Кремина. Овој град, во кој живееја 18.000 луѓе пред војната, е порта за важните индустриски центри Донбас, Северодонецк и Лисичанск. Институтот за проучување на војната соопшти дека офанзивата во оваа насока трае најмалку од 23 декември. Британското разузнавање во дневен извештај во средата информираше дека градот станал „ранлив“ на украински напади откако украинските вооружени сили почнале да се движат кон запад од Красни Лиман. Офанзивата на руската армија кај Бахмут веројатно заглави, пишува Институтот за студии на војната.