Мора да има неселективна правда за Кочани, треба да се опфатат и сегашни функционери, коишто во моментот на случување на овој трагичен настан ги извршуваа функциите во Министерството за внатрешни работи, Бирото за јавна безбедноста дали е тоа во Кочани, дали во Штип. Снетане дека истрагата треба да се прошири, истакна потпретседателката на СДСМ Каја Шукова во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија. Шукова нагласи дека е невообичаено прво да не бидат повикани и истражени оние коие се во моментот директно надлежни за безбедноста на државата, за безбедноста на објектот, за безбедноста на младите кои таа вечер биле во објектот.
-Ние не сакаме да го политизираме овој случај, жално и трагично е да се политизира вакво нешто, меѓутоа сакаме да видиме дека навистина ќе бидат опфатени и оние коишто во моментот на трагедијата, ги извршуваме своите обврски, а не само оние кои тоа го работеле пред година две или три, рече Шукова.
Во врска со Анкетната комисија за трагедијата во Кочани, Шукова рече дека СДСМ остава простор на истрагата, која треба да биде неселективна и да ги опфати сите оние коишто треба да бидат дел од истрагата. Анкетната комисија останува како механизам којшто и пружа на јавноста дополнителни информации и се истражува што се случува со овој трагичен настан во Кочани, но не треба да оди во погрешна насока и треба да во даден момент да се употреби, рече Шукова, додавајќи дека се потврди како ДПМНЕ ја злоупотребиваше Анкетната комисија во минатотот со криење извештаи во случајот со Онкологија.
-Не треба на таков начин да се злоупотребува анкетната комисија, да се кријат документи, јавноста е запознаена со случајот со пратеничката Мизрахи. Таа демантираше, но претседателот Филипче покажа дека документите биле уредно доставени таму каде што требале, а не биде земени предвид, рече потпретседателката на СДСМ Каја Шукова во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.