– Во пракса, ова значи дека МВР доделила монопол од 5 години врз доходовен бизнис вреден милиони денари – сите полагања на возачки испити во Битола, Прилеп и Ресен ќе одат преку оваа фирма блиска до власта. Скандалот е уште поголем, затоа што фирмата е регистрирана само три месеци пред распишувањето на тендерот за прв пат. Прашањето е дали однапред е договорена оваа милионска зделка? Како знаел дека за неколку месеци ќе се распише тендер па функционерот од ВМРО-ДПМНЕ отворил фирма токму за ова намена?
Ова е огромен скандал кој мора да биде расчистен до крај и да има одговорност. СДСМ бара Државната комисија за спречување на корупцијата да отвори предмет и да постапи. Основното јавно обвинителство да отвори предмет по допрен глас. Институциите не може да бидат неми следачи туку мора да отворат постапки согласно своите надлежности. Граѓаните заслужуваат институции што работат за нив, не за бизнисите на партиски советници. Македонија не смее да стане плен на организиран партиски грабеж кој го прави ВМРО-ДПМНЕ. Одговорност мора да има и ќе има, кажа Шукова.