Властите, исто така, наредија евакуација на областите Парифес, Јалурика, Панагија Воитеја, Агиос Пантелејмонас и Кастроминас.
Градоначалникот на Хиос, Јанис Малафис, изјави за Катимерини дека постојат три одделни фронта на пожарот, секој на значително растојание од другите, принудувајќи ги противпожарните единици да се поделат.
-Ситуацијата е многу тешка, а ветровите се исклучително силни. Хеликоптерите работат, но под тешки услови, рече тој, додавајќи дека евакуираните жители се транспортираат.Шумски пожар избувна и на островот Евија во близина на Атина. Еден хотел беше евакуиран како превентивна мерка, објави Катимерини.