Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ ќе биде една од главните ѕвезди на турнирот во Доха, а за натпреварувањето во двојки избра интересен партнер. Ѓоковиќ ќе игра заедно со шпанскиот тенисер, Фернанрдо Вердаско кој за крај на кариерата имал желба да игра во тандем со Ѓоковиќ, а Новак одлучил да му ја исполни желбата.
„По многу години во АТП турот, дојде време и за мојот последен турнир. Како подобро да ја завршам кариерата од настап во двојки со мојот пријател, Новак Ѓоковиќ, легенда на нашиот спорт и една од најдобрите атлети на сите времиња. Новак ти благодарам што ја прифати мојата молба, ќе уживам во секој момент на теренот. Ајде да ја направиме неделата незаборавна“, објави Вердаско.