Рана елиминација за српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ на турнирот во Доха, Катар. Ѓоковиќ беше поразен во првото коло од Италијанецот Матео Беретини со 2:0, во сетови 7:6 (4), 6:2. Ова беше прво натпреварување за Ѓоковиќ откако поради повреда се повлече од полуфиналниот меч на Австралија опен.
Во дуелот на два одлични сервери, Италијанецот успеа да го добие првиот сет во тај-брејк со 7:4, додека во вториот веднаш направи брејк и рутински го приведе мечот до крај. Иако се опорави од повредата, очигледно беше дека Ѓоковиќ не е во вистинската форма поради долгата пауза по повредата. Беретини, поранешен финалист на Вимблдон, моментално е рангиран на 35. место на АТП рангирањето.