Најдобриот светски тенисер е поразен во финалето на турнирот во Мајами од Чехот Јакуб Меншик со 2:0, по сетови 7:6 (4), 7:6 (4). Тоа беше можност за Ѓоковиќ да ја освои јубилејната 100-та титула во кариерата, но на тоа ќе мора да почека. Од друга страна, Меншик ја освои својата прва титула во кариерата. Чехот е и првиот тенисер роден во 2005 година или помлад што го направил тоа. Финалето во Мајами се одигра речиси шест часа задоцнето од предвиденото. Причината беше континуираниот дожд.
Чехот, кој не крие дека Новак Ѓоковиќ му е идол, како да нема проблем со долгото чекање. Веќе на стартот од првиот сет направи брејк и поведе со 3:0. Чехот имаше 4:1, а потоа следуваше најдобриот период од играта на Новак Ѓоковиќ. Новак нанижа три гема, го врати брејкот и израмни на 4:4. Во продолжение од сетот тенисерите не успеаја да стигнат до брејк можност, па реши тај-брејкот. Чехот водеше со 5:0, Новак успеа да дојде до 6:4, но немаше сили за тотален пресврт, па овој дел од играта заврши со резултат 7:4 во корист на Меншик. Во вториот сет немаше брејк, иако имаше шанси на двете страни, па тенисерите повторно влегоа во тај-брејк.
И повторно Чехот направи мини брејк на стартот. Меншик постојано водеше со еден или два разлика, а потоа по грешката на Новак стигна до три врзани сета и меч поен. Првиот не го искористи, но вториот го искористи при резултат 6:4 за историски успех. Натпреварот се одигра со висока влажност, како последица на неколкучасовниот дожд. Новак во неколку наврати се лизна на тврдата подлога, а организаторите не успеаја доволно да го исушат теренот, па на влажниот бетон беа видливи траги.
На неколку часа пред финалето, камерите го забележаа Ѓоковиќ со модринка на десното око, што донекаде му ја попречи концентрацијата во текот на мечот. Новак ќе мора да го бара патот до својата 100-та титула во сезоната на земјени терени што следи по американската турнеја. Првиот турнир на кој ќе учествува е Мастерсот во Монте Карло.