70 години денес полни еден од најуспешните македонски тренери на сите времиња – Ѓоко Хаџиевски
Роден на 31 март 1955 година, бившиот дефанзивец на Караорман, Тетекс (Тетово) и Пелистер (Битола), станува име и презиме во тренерството на кормилото на скопски Вардар. Со нив е петкратен шампион на Македонија, како и двократен освојувач на Купот на Македонија
Ја водеше Војводина (Нови Сад), а меѓу 1996 и 1999 година е на чело на репрезентацијата на Македонија. Во новиот век Хаџиевски е тренер на повеќе клубови во Јапонија, Грција, Азербејџан (селектор е и на репрезентација), Саудиска Арабија, ОАЕ. Го води и Вихрен (Сандански)
Со Џубило Ивата го освојува Суперкупот на Јапонија и се оласира во финале на азиската Шампионска лига. Со ФК Баку е шампион на Азербејџан