15.8 C
Скопје
11/04/2025 13:20
МАКТЕЛ

    

ЃОРЧЕВСКИ БАРАЛ ДА БИДЕ СТАВЕН НА ДЕТЕКТОР ЗА ЛАГИ Убиениот Панче сакал да наполни бензин во кантичка, но бил одбиен на бензинската во Велес

      

Откако од Сејф сити им рекле дека „цитроенот“ е пријавен за исчезнат, Ѓорчевски вели дека се фиксирал на тоа возило на снимките од сите 3 камери кои ги поседувал. На едната камера се гледало дека возилото се движело на крајната десна лента во Буњаковец, па застанало, се вратило малку во рикверц, па отишло во крајната лева лента, како да примало инструкции од некого како да се движи. Обвинетиот Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања, денеска во судницата рече дека на распитот во Обвинителството побарал да биде ставен на детектор за лаги, но дека му рекле дека во тој момент тоа не било можно. Тој вели дека веднаш сфатил дека полицијата се посомневала во него. Тој прв се посомневал во „цитроенот“ за кој забележал на снимките дека се движи чудно. Обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска денеска му поставуваше вкрстени прашања на Ѓорчевски. На 27.11.2023 рековте дека утрото ви се јавила Зорица, ви кажала дека Вања ја нема, вие веднаш сте се облекле и сте се нашле пред зграда. За вас е својствено секогаш да доцните и да бидете поспан, не е својствено да функционирате така рано наутро. Како тогаш, како поспан човек, успеавте да станете толку брзо, да се спремите и да се симнете? – праша обвинителката.

– Не знам од каде ви е овој заклучок дека за мене било својствено да доцнам. Можеби не сум стасувал затоа што сме имале обврски околу децата, па некогаш сме доцнеле. Додека бевме заедно под ист кров, не сум стасал на време да сменам две пелени, да облечам две деца, да исклучам рингла на која готвам манџа, можеби и сме задоцниле. Откако презедов само половина од одговорноста околу децата, никогаш никаде не сум задоцнил. Што се однесува до тоа сабајле, јас бев толку избезумен, што и гол да се симнев пред зградата, немаше да биде невообичаено – рече Александар. Тој додаде дека кога му се јавила Зорица бил во кревет и дека ја ставил на спикер, а додека таа му објаснувала што се случило, тој се облекувал. Обвинителката го прашуваше за тоа што се случувало кога отишле до местото каде што било последното зрачење на телефонот од Вања. Го праша зошто никому не кажал дека ќе оди да ја бара Вања во болница,  тој негираше дека не кажал никому.

   

– Не сум го напуштил веднаш местото во возилото. Позади мене во судницата седи еден од тие луѓе кој може да ви потврди, ако дозволува процедурата, дали беше така или не. Не сум го напуштил веднаш местото. На Митре, чичкото на Зорица, не сум му кажал дека ќе одам во болница. Зорица беше известена. Таа знаеше за моето движење, јас за нејзиното, телефоните постојано фрчеа. А дедо Митре, чичко ѝ на Зорица рече дека ќе продолжи да бара во реонот каде се наоѓа. Јас не знам кога точно сум ѝ се јавил на Зорица, но таа знаеше дека ќе одам кај братучедот Дарко да ја бараме Вања по болниците – рече Александар. Пред да одлучите да заминете, вие не ја прашавте Зорица за тоа каде е Миња, како е, воопшто не пршавте ништо, така? – праша обвинителката. – Јас знаев дека Зорица, како што се договоривме, ќе се упати кон училиште, затоа што Вања и Миња имаат заедно трети час по физичко. Знаев каде е, зошто би се јавувал да ја прашувам Зорица каде е Миња, кога Вања ја нема. На што да дадам приоритет? – рече Александар. Тој рече дека во судницата се наоѓа еден од полицајците кои бил присутен кога ја барале Вања кај „Фитнес хаус“ и дека може да го прашаат и него. На тоа судијата му рече да не му се обраќа нему кого и што да го прашува.

Ѓорчевски бара  Обвинителството да ја покаже снимката кога тој врти назад кај „Александар палас“ Рековте дека откако сте провериле кај вашиот братучед доктор дека Вања не се наоѓа по болниците, тој ви дал нешто за смирување, па ви дошло некако природно со возило да тргнете кон граничниот премин Блаце. Нели е чудно тоа? – праша обвинителката. – Откако ја завршивме потрагата по болниците, најблиските премини се Блаце и излезот од Скопје кон Ѓорче Петров. Јас имам пријатели кои ми се јавија и ми потврдија дека детално ќе се прегледуваат сите возила на граничните премини. Од тие причини, веднаш штом го поминав „Александар палас“ и наидов на невидена гужва во сообраќајот решив да свртам полукружно и да се упатам кон Ѓорче Петров. Ако може да ве замолам, вие ги имате сите инструменти, денеска можете да дадете наредна до Безбеден град, со самото внесување на регистарска табличка ќе го добиете интегрално целото мое движење цела недела пред и по настанот. А не парцијално да вадите тука снимка како се движам кон „Александар палас“, а зошто не ја продолживте снимката уште 10 секунди, за да видите дека се враќам назад? – возврати Александар. Обвинителката забележа дека Александар не ѝ го кажал ова при распитот во Јавното обвинителство.

– Јас на првиот исказ кај вас побарав детектор за лаги. Ми рековте дека во таа фаза не е дозволена употреба на таков уред. До бранителот веднаш реагирав во судницава, му посочив за кој момент се работи на снимката и каде сум се движел. Тој вас ве праша, одговорот бил дека само тие 5 секунди сте ги добиле за мене од Сејф сити. И уште една кратка снимка од 5 секунди како од мостот преку Треска влегувам во Скопје – рече Александар. Како не ви дојде природно со возилото да се вратите од местото од каде што сте тргнале и каде што се сите кои ја бараат Вања? Значи ли тоа дека однапред знаевте дека нема никакви шанси да ја најдете Вања? – праша обвинителката. – Јас се надевав дека ќе ја најдам Вања по пат. Дека некој што ја украл ќе се предомисли и ќе ја пушти. Додека возев цело време разговарав по телефон со пријатели кои можат да помогнат, но пресудно беше кога во вибер групата почнаа коментари од родители дека треба да се гледаат камери. Тогаш одлучив да се вратам во Центар и заедно со родителите почнавме да бараме камери – рече Александар. Тој рече дека немал број од полицајците да им сејави да ги праша дали Вања е најдена, а дека со Зорица контактирале цело време и дека двајцата вртеле на бројот на Вања.

Зошто не сведочел братучедот Дарко? Обвинителката го праша зошто не го повикал за сведок братучедот Дарко. – Исто како што вие не ги обезбедивте камерите од Воена болница, каде што се гледа како Дарко ме пречекува. И не се работи за саат или саат и пол, туку во болницата се задржав некаде околу половина час. А за сведок дали сум го повикал или не, оставив на бранителот и не знам од која причина не го повикал Дарко за сведок. Сте можеле и вие да го повикате, како што ги повикавте останатите членови на семејството и луѓето кои беа во станот додека ја баравме Вања. И Дарко беше еден од нив. Тој беше цело време присутен таму  – рече Александар. Рековте дека сте имале и сценарио дека Вања е киднапирана. Нели е чудно, зошто да имате сценарио дека токму Вања би била киднапирана? – праша обвинителката. – И јас се прашувам зошто. И тогаш сите се прашувавме зошто. Но моментите на нејзиното исклучување на телефонот, наглото скршнување од рутата кон училиштето, наведуваа на тоа – дека не по своја волја е однесена во друг правец. Тоа со Зорица го констатиравме уште во 7.47 часот сабајлето, кога пријавивме во полиција и Зорица ги замоли колешките од работа да објави на соцојалните мрежи дека Вања е исчезната – рече Александар.

Таа го потсети дека рекол дека еден од инспекторите му рекол дека само тој вели дека Вања е киднапирана. – Точно е дека тој тоа го кажа, но апсолутно не е точно дека само јас сум рекол дека Вања е киднапирана. Сите тоа го констатиравме – и родителите од групата на Вибер и пријателите и сите што нѐ познаваат нас и Вања – рече Александар. Тој додаде дека полицијата правела профил на нивното семејство. Ги испрашувала со колку недвижен имот располагаат, кој колку возила има и дека не им било својствено дека Зорица препишала свој стан на негово име. – Во самиот почеток почувствував дека се сомневаат во мене – рече Александар. Испратиле 1.000 скришотови од снимки во Сејф сити Обвинителката рече дека на 28.11.2023 се појавил Гоце Трајковски, откако се јавила неговата мајка Кираца, а се немале видено 20 години. – Во моментот кога ми се јави Гоце, не знаев какви пријатели и контакти има. Но, набрзо почнав да добивам информации од него. За лицето од Сејф сити, како и за некои други лица од истрагата која ја водевме, бевме замолени да не им го откриваме идентитетот за да не ја изгубат работата – рече Александар.

Како ви паднало чудно само едно возило, кое според вас, било стара кола, која исфрлала густ чад од ауспухот? Од презентираните видеозаписи излезе дека тоа возило чади од ауспухот исто како и сите други возила кои во тоа време се забележуваат на видеозаписите – рече обвинителката. – Не знам колку скриншотови испративме во Сејф сити. Меѓу нив беше и тоа возило, кое навистина испушташе поголем чад и имаше одблесок од хаубата, како да е замрзната. Се движеше побавно од другите возила, мислам дека прозорците беа замаглени. Времето се совпаѓаше со исчезнувањето на сигналот на Вања кај Хаус гарден, која пеш не би можела да стаса за 5 минути до таму. Покрај тоа возило, се сомневавме и на едно бело комбе – рече Александар. Рековте дека сте направиле над 1.000 скриншотови од снимките кои Гоце ги пратил на пријателот од Сејф сити, кој, пак, му кажал на Гоце дека колата се бара 5 дена. Како вашиот пријател во Сејф сити не ги известил неговите претпоставени, туку прво ве известувал вас? Вие велите дека не можете да го откриете името на тоа лице, за да не му наштетите, а се работи за животот на вашето дете – рече обвинителката. – Ако биле внесени регистарските таблички на возилото кое се барало 5 дена во системот на Сејф сити, денеска во судницата ќе се расправаше само за убиството на велешанецот Панче. Претпоставувам дека немале наредба да го бараат возилото и дека е пропуст на полицијата. Контактот од Сејф сити навистина не знам кој е, немам директно разговарано со него. Тој не смеше да ни одава тајни и да ни дава снимки од Сејф сити, затоа што тоа е кршење на правилата и би се соочил со казна, но ние смеевме нему да му праќаме снимки – рече Александар.

Тој рече дека мисли дека Гоце му пратил снимка на инспекторот Дејан Димовски. – Не приметив во ниеден момент дека Дејан Димовски тука во судницата мене ме обвинува и дека има докази против мене, туку дека само имале сомнежи – рече Александар. Тој рече дека Димовски не го информирал дека е запален „цитроенот“, дека за тоа дознале од социјалните мрежи. Од Гоце разбрал дека полицајците дознале дека е запалено возилото во Бразда два дена откако било запалено. Значи, од нигде никаде, вам и на Гоце, од сите возила ви стана сомнително само возилото „цитроен“, во кое не се забележува дека во него е Вања? – праша обвинителката. – Од снимките кои јас ги поседував не се гледаше колку лица се во возилото. Не ми беше само тоа возило сомнително, но откако ни го посочија од Сејф сити, се фиксирав на него на снимките од сите 3 камери кои ги поседував. На едната камера се гледа дека возилото се движи на крајната десна лента во Буњаковец, па застанува, се враќа малку во рикверц, па оди во крајната лева лента, како да добива инструкции од некого како да се движи. Сознанијата од Сејф сити, објавата на Фејсбук за исчезнатитот татко со посоченото возило и подоцна информацијата за палење на истото возило нѐ наведе да немаме сомнеж дека се работи за тоа возило – рече Александар.

Тој додаде дека Гоце се сомневал дека Вања е киднапирана од исчезнатото  лице од Велес. – На снимката од бензинската, која му беше препратена на инспекторот  Музафер Каришиќ, се гледа како велешанецот стои до возачката врата. На совозачкото седиште има едно лице. Од роднината на Гоце дознавме дека Панче рекол дека капачето од резервоарот му е расипано, и да му стават бензин во кантичка. Бил одбиен, па рекол дека ќе оди на друга локација – рече Александар. – Бев сигурен дека Вања не е во станот во Капиштец, не е во Шведска, не е во Охрид, не е на Водно или во парк среде ноќ, сето тоа што полицајците го наметнуваа – додаде Александар.

  

Најново

ОБВИНИТЕЛКАТА САКА ДА ГО ДИСКВАЛИФИКУВА ТАТКОТО НА ВАЊА КАКО СВЕДОК Го праша каков ученик бил, а тој рече дека нему и на Шекеринска сакале да им ги сецираат мозоците за да видат што има во нив

Sase Ivanovski

Таткото на Вања во судница: Дента кога ја грабнаа Вања им порачав на децата да се облечат топло затоа што на вести пишуваше дека ќе биде најстудениот ден во годината

Sase Ivanovski

Ѓорчевски: Тргнав кон Блаце, но се вратив назад, уште од почеток почувствував дека полицијата се сомнева во мене

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ексклузивно: Јованка Броз – засега непознато сведоштво

Sase Ivanovski

Граѓаните аплаудираа во знак на поддршка на лекарите пред ГОБ Свети Наум Охридски

Sase Ivanovski

Митева: Владеењето на правото е врвен приоритет на Владата, ќе бараме одговорност

Sase Ivanovski

Принова во ЗОО Скопје: Се роди белоглав мршојадец

Sase Ivanovski

Митева: СДС и ДУИ работеа спротивно на волјата на граѓаните, нема толеранција за корупција

Sase Ivanovski

Протестен марш на иницијативата „Кој е следен“, бараат правда за жртвите во сите досегашни трагедии

Sase Ivanovski

Тошковски: Има собрано огромен број докази и потенцијални сведоци за трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Протест поради глувците во ОУ „Панајот Гиновски“ – учениците 4 дена без настава, директорката молчи

Sase Ivanovski

Вишиот суд во Нови Сад утре ќе ја објави одлуката за обвинението за падот на настрешницата

Sase Ivanovski

Полиција влезе во Медицинскиот факултет во Ниш, студенти добија покани за информативен разговор

Sase Ivanovski

Тошковски: Организаторите во измамата со брзи кредити по итна постапка ќе бидат спроведени пред суд

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Д-р Даниловски со критика за претседателот на Македонското научно здружение за аутизам: Иако ниту еден исказ не Ви е точен, нема родител што ќе го вакцинира своето дете, откако ќе го чуе ова од Вас

Sase Ivanovski

Конфискуваната луксузна гардероба на Боки 13 конечно е проценета на 595.640 евра, се уште не е продадена ниту гарнитурата на Јанева

Sase Ivanovski

МБАПЕ МУ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ПСЖ Не му простува ниту едно евро

Sase Ivanovski

БОМБА НА ПЛУСИНФО: МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА ПРЕД РАСКОЛ? Партениј молчи пред Велигден, Пендаровски потврди дека посредува меѓу МПЦ-ОА и Цариград

Sase Ivanovski

СИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА ЌЕ ДОБИЈАТ ПРАВОПИС 2.600 примероци стоеле во депоа 7 години

Sase Ivanovski

И СУДСКИОТ СОВЕТ ЈА ОПРАВДА ПРЕСУДАТА НА СУДИЈАТА ФЕРАТИ Толку е правдата за прегазената Теодора

Sase Ivanovski

На денешен ден 10.04.1957 година ликвидиран е Анте Павелиќ, соработникот на Адолф Хитлер

Sase Ivanovski

Како очекувањата на нарцисистот ТЕ ОБЛИКУВААТ (Теорија на очекување)

Sase Ivanovski

„Умот е универзум сам по себе.“ – Мишел Сифре

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Во хаотичен сообраќај како нашиов, вакво управување е и преопасно, освен што е спротивно на законите…

Sase Ivanovski

Муцунски учесник на дискусијата на тема: „Дали ЕУ – САД алијансата е надвор од поправка?“ во рамки на Делфи Економскиот Форум што се одржува во Грција

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трагедија во Њујорк: Хеликоптер со семејство од Шпанија се урна во Хадсон – сите загинаа

Sase Ivanovski

(Видео) Шест загинати во хеликоптерската несреќа во Њујорк

Sase Ivanovski

ДУИ: Горчлива иронија е фотографијата од Коцевски и Тошковски кои потпишуваат меморандум за борба против корупцијата

Sase Ivanovski

Османи за Богојески: Државата преку еден човек ја понижи цела една заедница со јазик полн со омраза

Sase Ivanovski

Жител на Кондово се заканувал дека ќе убие татко и дете

Sase Ivanovski

ФЗОМ презема серија мерки за зголемување на безбедносните стандарди, со посебен фокус на заштитата на личните податоци и унапредување на ИТ безбедноста

Sase Ivanovski

Роберт Кенеди: САД ќе ја знаат причината за епидемијата на аутизам до септември

Sase Ivanovski

Рекордни вредности на златото и швајцарскиот франк

Sase Ivanovski

Дебарца ќе се обновува од Ленинова до студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“

Sase Ivanovski

Вработените во штипскиот затвор со поинаква верзија за случајот со дрогата и кучката Цеца

Sase Ivanovski

Директорот на Психијатрија Демир Хисар, Жан Лозановски, вознемирувал и политички дискриминирал докторка примариус пред пензија

Sase Ivanovski

Трајко Славески: ДОМАШЕН ТЕРОРИЗАМ

Sase Ivanovski

360° season 11, show 53 – Владата најми адвокати – под лупа договорот за хеликоптерите

Sase Ivanovski

Вин Вин 10.04.2025

Sase Ivanovski

Руски шпиони „платиле тинејџер да ја запали Икеа“

Sase Ivanovski

Apple пренесе 600 тони ајфони во САД за да се обиде да ги надмине тарифите на Трамп додека клиентите се обидуваат да обезбедат уреди пред евентуални зголемувања на цените

Sase Ivanovski

Како хрватската полиција разби меѓународна наркогрупа

Sase Ivanovski

Поповски на тема – Америка против сите – може ли да го издржи притисокот?

Sase Ivanovski

Соединетите Американски Држави денеска во ОН побараа отстранување на мисијата на УНМИК од Косово

Sase Ivanovski

ОВОШТАРИТЕ НА ГОЛЕМА МАКА ПОРАДИ ПРОЛЕТНИТЕ МРАЗОВИ Преживеаните родни пупки прашање е дали ќе го задржат плодот

Sase Ivanovski

Апасиев: Како е можно сите што му ја намалиле казната на Пајазити да бидат Албанци

Sase Ivanovski

Тензии во Кочани, во понеделник се бира в.д. градоначалник

Sase Ivanovski

МВР објаснува: Кривичните пријави „за организирање отпор“ се за непочитување на седумдневната жалост

Sase Ivanovski

Заменик-министерот Ристески: Ме касна куче, ама не земав пари

Sase Ivanovski

Додик: Нема да поднесам оставка, ниту да ја напуштам Република Српска

Sase Ivanovski

Завршија преговорите меѓу САД и Русија во Ријад, заедничко соопштение ќе биде објавено денес

Sase Ivanovski

(Фото+видео) ХАОС: При бетонирање на нова, се сруши ѕид на постојна зграда во Ѓорче Петров!

Sase Ivanovski

Се посветува повеќе внимание за тоа кој ги организира протестите, отколку да се фокусираат на барањата, рече претставничката на граѓанската иницијатива „Кој е Следен“

Sase Ivanovski

Преку 300 луѓе лани загинале на Австриските Алпи, најмногу жртви во последната деценија

Sase Ivanovski

Трамп се сомничи за кривично дело инсајдерско тргување?

Sase Ivanovski

Во петок технички консултации меѓу САД и Украина за минерали

Sase Ivanovski

Алијанса за Албанците: Европските образовни програми се во рацете на антиалбанец и антиевропеец

Sase Ivanovski

Насилник од Кондово се заканувал дека ќе убие татко и дете поради видеоснимка

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Владата одвојува повеќе средства за Армијата од стандардите на НАТО, прв повик за програмата „Дигитална Европа”, 38% струја од соларни и ветерни централи до 2030 година

Sase Ivanovski

Костовски: Вандализирана новата детска градинка во Бутел 1 

Sase Ivanovski

Претрес во Кондово, пронајден пиштол, лишено од слобода едно лице

Sase Ivanovski

Шукова: За Кочани мора да има неселективна правда, сите да бидат опфатени со истрагата

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја уништи државата со 3 милијарди нов долг – сега глумат финансиери

Sase Ivanovski

1001 сообраќајни прекршоци вчера на територија на цела држава, 279 за брзо возење

Sase Ivanovski

Спречен шверц на облека и обувки во заедничка акција на македонска и косовската гранична полиција

Sase Ivanovski

Нов Протокол за засилување на соработката помеѓу МВР и Јавното обвинителство

Sase Ivanovski

Македонски Концепт реагира на обвинувањата од ДУИ во врска назначувањето на д-р Петар Богојески

Sase Ivanovski

Герасимовски: Центарци аплицирајте за субвенции за велосипед, поддржуваме еколошки транспорт

Sase Ivanovski

ДОМ: Зошто не се применува платформата Е-инспектор? 

Sase Ivanovski

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е партија која најмалку се грижи за работниците и платите на граѓаните

Sase Ivanovski

ЗАДОЛЖИТЕЛНО МЕСЕЧНО ЧИТАЊЕ НА БРОИЛАТА И АВТОМАТСКА КОРЕКЦИЈА НА ПАУШАЛНО ИЗГОТВЕНИТЕ ФАКТУРИ ЗА СТРУЈА – СОСТАНОК СО РКЕ НА 11 АПРИЛ

Sase Ivanovski

СДСМ: Зошто четири недели по трагедијата во Кочани се уште нема проширување на истргата?

Sase Ivanovski

Илиевски: Од огромно значење е поддршката на Владата за општините, се решаваат децениски проблеми во Брвеница

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е човек кој има криминален багаж зад него, исто како Заев

Sase Ivanovski

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ води вистинската грижа кон земјоделците и ја покажува на дело, исплатени се субвенции за повеќе категории на земјоделци

Sase Ivanovski

Влада: Континуиран раст на платите – За шест месеци зголемување од 15 проценти во здравство, 12 во образование и 10 за полициските службеници

Sase Ivanovski

ЗМЕП Трајков на дебата “How can we make Europe great again?“

Sase Ivanovski

Петте најпознати проруски дезинформации на новинарот Такер Карлсон

Sase Ivanovski

Се губи надежта за пронаоѓање на преживеани по уривањето на покривот на ноќниот клуб во Доминиканската Република

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Детален водич за важноста на менување изглед на ликовите во видеоигрите: „Mенување скинови“

Sase Ivanovski
Вчитувам....