15.8 C
Скопје
11/04/2025 13:14
МАКТЕЛ

    

Ѓорчевски: Тргнав кон Блаце, но се вратив назад, уште од почеток почувствував дека полицијата се сомнева во мене

      

Александар Ѓорчевски, со одговори на прашања од обвинителката, продолжува судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Таткото на Вања одговараше на прашањата на обвинителската Жаклина Крстевска-Јосифовска, која го истражуваше поголемиот период на невработеност на Александар. „До петто одделение учев со Радмила Шеќеринска со која бевме првенци на генерација. Сакаа да ни ги сецираат мозоците со Радмила да видат што имаме во главите, во мозоците. Потоа во тинејџерските денови попуштив со учењето. Ме запиша татко ми во средно економско училиште, за полесно да ме вработел”, одговараше Александар. Обвинтелката тврди дека бил слаб ученик, потоа наркозависник од хероин, невработен, често без приходи и поради тоа наводно учествувал во заговорот да и’ се бараат пари на мајката на Вања за откуп, бидејќи знаел дека била поимотна и подитуирана од него.

Обвинителството сака да докаже дека лично тој му кажал на Палевски кога излегува Вања за на училиште. Крстевска-Јосифовска преку прашањата сака да го дискредитира сведокот-обвинет Александар Ѓорчевски, поставувајќи му прашања околу неговата улога како бејби-ситер на Вања и помалата сестра, додека сопругата Зорица заработувала за семејството, кога биле во брак. Обвинителка: Значи од сите обвинети овде, само вие знаете дека Вања на 27.11. ќе оди на училиште сама? Ѓорчевски: Логично, да. Обвинителка: Точно ли е дека вечерта на 26.11. во 21.20 часот пративте порака во вибер групата: „Утре ќе биде ѕивра. Плиз извадете топли ствари уште сега: хулахопки, чорапи, чизмички, маици, плиз блуза плус јакна, плус шал. плус јакна….Ракавици не мора, можете да ги брцнете во џеб’. Со поракава ги спремавте децата за на планина, или за на училиште?”

   

Ѓорчевски: Суштината беше да се облечат топло, зашто тогаш за првпат беше најавуван како најстуден ден таа зима. Познавајќи ги децата дека нема да ме фермаат, и ја препратив пораката на Зорица за таа да ги наговори. Тие се тинејџерки, изгледот им е поважен од здравјето и секако не не’ послушаа ни мене, ни Зорица и си се облекоа фенси, по нивно. Обвинителка: Пред да одлучите да заминете, вие не ја прашавте Зорица за тоа каде е Миња, како е, воопшто не прашавте ништо така?Ѓорчевски: Јас знаев дека Зорица како што се договоривме ќе се упати кон училиште, затоа што со Вања имаат заеднички час по физичко, знаев, нема потреба да ја прашувам. На што да дадам приоритет кога Вања ја нема, во такво безумие. Обвинителка: Значи во моментот кога одлучувате да заминете, Зорица е кај Силбо, таму е и сведокот Митре Лазаров и полицајците. Одлучувате да поминете, без да кажете, а не знам притоа како што кажувате како сте дознале дека Зорица ќе оди по Миња. Ѓорчевски: Не е воопшто така, јас и Зорица бевме повикани од полицијата да се вратиме назад пред зградата. Таму се договоривме откако дадовме некакви изјави на кои не се сеќавам на што се однесуваа, јас се вратив сам без Зорица кај Силбо. Таму го сретнав чичко ѝ на Зорица, препознав лица кои се движат во група за кои претпоставивме дека се полицајци, не го известив чичко ѝ на Зорица каде ќе се движат, туку со полицајците влегував по подруми и гаражи.

Обвинителка: Рековте дека откако сте провериле кај вашиот братучед дека Вања не се наоѓа во болниците, тој ви дал вам нешто за смирување, па ви дошло природно со колата да продолжите кон граничниот премин Блаце. Не ви е чудно тоа? Ѓорчевски: Откако ја завршивме потрагата по болниците, најблиските премини се Блаце и излезот од Скопје кај Ѓорче Петров. Јас се јавив кај пријатели кои ми потврдија, дека детално ќе се прегледуваат сите возила на граничните премини, од тие причини, веднаш штом го поминав мостот кај Александар Палас и наидов на гужва во сообраќајот, решив да свртам полукружно и да се упатам кон Ѓорче Петров и ако може да ве замолам, вие ги имате сите инструменти како обвинител, денес можете да дадете наредба до камерите од безбеден град како што разбрав тука од ваш сведок, со самото внесување на регистарската табличка ќе ги донесе објективно и интегрално целото мое движење една недела пред и после настанот, а не парцијално да извадите снимка тука како се движат јас преку мостот Александар Палас, зошто не ја продолживте снимката уште 10 секунди каде се гледа како веднаш се враќам назад.

Обвинителство: Тоа сега го кажувате овде во судница, но не и во тек на истрагата. Ниту побаравте да бидат обезбедени тие видео записи, а имавте ангажирано и бранител по сопствен избор? Ѓорчевски: Оваа информација ви е од мене. Јас на првиот исказ кај вас побарав декетор на лаги, ми рековте дека во таа фаза не е дозволено употреба на таков уред, кој што децидно ќе докаже дали ја говорам вистината. Значи од мене ви е таа информација, а до бранителот веднаш реагирав во судницава му посочив за која снимка се работи и каде се движам. Обвинителство: Како не ви дојде природно до возилото да се вратите од каде што сте тргнале и каде сите ја бараат Вања, значи ли тоа дека веќе знаевте дека нема никакви шанси да ја најдете Вања? Ѓорчевски: Јас се надевав дека Вања ќе ја најдам по пат дека некој што ја грабнал ќе се премиси и ќе ја пушти. Цело време зборував на телефон со пријатели кои може да помогнат. Но, пресудно беше кога во вибер групата родители пишаа дека треба да се гледаат камери, тогаш одлучив веднаш да се вратам во Центар.

Обвинителство: Нели е чудно зошто да имате сценарио дека баш Вања би била киднапирана? Ѓорчевски: И јас се прашувам зошто. И тогаш се прашувавме сите,зошто? Но моментите на нејзиното исклучување на телефон, нагло скршнување од рутата до училиште, наведуваа на тоа. Дека не е по своја воља отидена во погрешен правец, тоа со Зорица го констатиравме уште во 07 часот и 47 минути сабајлето. И после тоа Зорица им рече на колешките на работа да објават по социјални мрежи дека е исчезната Вања. Обвинителство: Кажавте на еден од долгите состаноци во МВР, тоа значи дека сте имале повеќе состаноци и дека екипите на МВР биле максимално ангажирани со цел да се пронајде Вања, така? Ѓорчевски: Точно е дека ги имаше во голем број присутни, меѓутоа ништо конкрено не видовме од нив дека се презема во пронаоѓањето на Вања. Тие не испрашуваа со колку недвижен имот располагаме, кој колку возила има, не им беше својствено дека Зорица превела стан на мое име, и од самиот почеток почувствував дека се сомневаат во мене.

  

Најново

Таткото на Вања во судница: Дента кога ја грабнаа Вања им порачав на децата да се облечат топло затоа што на вести пишуваше дека ќе биде најстудениот ден во годината

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ексклузивно: Јованка Броз – засега непознато сведоштво

Sase Ivanovski

Граѓаните аплаудираа во знак на поддршка на лекарите пред ГОБ Свети Наум Охридски

Sase Ivanovski

Митева: Владеењето на правото е врвен приоритет на Владата, ќе бараме одговорност

Sase Ivanovski

Принова во ЗОО Скопје: Се роди белоглав мршојадец

Sase Ivanovski

Митева: СДС и ДУИ работеа спротивно на волјата на граѓаните, нема толеранција за корупција

Sase Ivanovski

Протестен марш на иницијативата „Кој е следен“, бараат правда за жртвите во сите досегашни трагедии

Sase Ivanovski

Тошковски: Има собрано огромен број докази и потенцијални сведоци за трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Протест поради глувците во ОУ „Панајот Гиновски“ – учениците 4 дена без настава, директорката молчи

Sase Ivanovski

Вишиот суд во Нови Сад утре ќе ја објави одлуката за обвинението за падот на настрешницата

Sase Ivanovski

Полиција влезе во Медицинскиот факултет во Ниш, студенти добија покани за информативен разговор

Sase Ivanovski

Тошковски: Организаторите во измамата со брзи кредити по итна постапка ќе бидат спроведени пред суд

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Д-р Даниловски со критика за претседателот на Македонското научно здружение за аутизам: Иако ниту еден исказ не Ви е точен, нема родител што ќе го вакцинира своето дете, откако ќе го чуе ова од Вас

Sase Ivanovski

Конфискуваната луксузна гардероба на Боки 13 конечно е проценета на 595.640 евра, се уште не е продадена ниту гарнитурата на Јанева

Sase Ivanovski

МБАПЕ МУ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ПСЖ Не му простува ниту едно евро

Sase Ivanovski

БОМБА НА ПЛУСИНФО: МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА ПРЕД РАСКОЛ? Партениј молчи пред Велигден, Пендаровски потврди дека посредува меѓу МПЦ-ОА и Цариград

Sase Ivanovski

СИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА ЌЕ ДОБИЈАТ ПРАВОПИС 2.600 примероци стоеле во депоа 7 години

Sase Ivanovski

И СУДСКИОТ СОВЕТ ЈА ОПРАВДА ПРЕСУДАТА НА СУДИЈАТА ФЕРАТИ Толку е правдата за прегазената Теодора

Sase Ivanovski

На денешен ден 10.04.1957 година ликвидиран е Анте Павелиќ, соработникот на Адолф Хитлер

Sase Ivanovski

Како очекувањата на нарцисистот ТЕ ОБЛИКУВААТ (Теорија на очекување)

Sase Ivanovski

„Умот е универзум сам по себе.“ – Мишел Сифре

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Во хаотичен сообраќај како нашиов, вакво управување е и преопасно, освен што е спротивно на законите…

Sase Ivanovski

Муцунски учесник на дискусијата на тема: „Дали ЕУ – САД алијансата е надвор од поправка?“ во рамки на Делфи Економскиот Форум што се одржува во Грција

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трагедија во Њујорк: Хеликоптер со семејство од Шпанија се урна во Хадсон – сите загинаа

Sase Ivanovski

(Видео) Шест загинати во хеликоптерската несреќа во Њујорк

Sase Ivanovski

ДУИ: Горчлива иронија е фотографијата од Коцевски и Тошковски кои потпишуваат меморандум за борба против корупцијата

Sase Ivanovski

Османи за Богојески: Државата преку еден човек ја понижи цела една заедница со јазик полн со омраза

Sase Ivanovski

Жител на Кондово се заканувал дека ќе убие татко и дете

Sase Ivanovski

ФЗОМ презема серија мерки за зголемување на безбедносните стандарди, со посебен фокус на заштитата на личните податоци и унапредување на ИТ безбедноста

Sase Ivanovski

Роберт Кенеди: САД ќе ја знаат причината за епидемијата на аутизам до септември

Sase Ivanovski

Рекордни вредности на златото и швајцарскиот франк

Sase Ivanovski

Дебарца ќе се обновува од Ленинова до студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“

Sase Ivanovski

Вработените во штипскиот затвор со поинаква верзија за случајот со дрогата и кучката Цеца

Sase Ivanovski

Директорот на Психијатрија Демир Хисар, Жан Лозановски, вознемирувал и политички дискриминирал докторка примариус пред пензија

Sase Ivanovski

Трајко Славески: ДОМАШЕН ТЕРОРИЗАМ

Sase Ivanovski

360° season 11, show 53 – Владата најми адвокати – под лупа договорот за хеликоптерите

Sase Ivanovski

Вин Вин 10.04.2025

Sase Ivanovski

Руски шпиони „платиле тинејџер да ја запали Икеа“

Sase Ivanovski

Apple пренесе 600 тони ајфони во САД за да се обиде да ги надмине тарифите на Трамп додека клиентите се обидуваат да обезбедат уреди пред евентуални зголемувања на цените

Sase Ivanovski

Како хрватската полиција разби меѓународна наркогрупа

Sase Ivanovski

Поповски на тема – Америка против сите – може ли да го издржи притисокот?

Sase Ivanovski

Соединетите Американски Држави денеска во ОН побараа отстранување на мисијата на УНМИК од Косово

Sase Ivanovski

ОВОШТАРИТЕ НА ГОЛЕМА МАКА ПОРАДИ ПРОЛЕТНИТЕ МРАЗОВИ Преживеаните родни пупки прашање е дали ќе го задржат плодот

Sase Ivanovski

Апасиев: Како е можно сите што му ја намалиле казната на Пајазити да бидат Албанци

Sase Ivanovski

Тензии во Кочани, во понеделник се бира в.д. градоначалник

Sase Ivanovski

МВР објаснува: Кривичните пријави „за организирање отпор“ се за непочитување на седумдневната жалост

Sase Ivanovski

Заменик-министерот Ристески: Ме касна куче, ама не земав пари

Sase Ivanovski

Додик: Нема да поднесам оставка, ниту да ја напуштам Република Српска

Sase Ivanovski

Завршија преговорите меѓу САД и Русија во Ријад, заедничко соопштение ќе биде објавено денес

Sase Ivanovski

(Фото+видео) ХАОС: При бетонирање на нова, се сруши ѕид на постојна зграда во Ѓорче Петров!

Sase Ivanovski

Се посветува повеќе внимание за тоа кој ги организира протестите, отколку да се фокусираат на барањата, рече претставничката на граѓанската иницијатива „Кој е Следен“

Sase Ivanovski

Преку 300 луѓе лани загинале на Австриските Алпи, најмногу жртви во последната деценија

Sase Ivanovski

Трамп се сомничи за кривично дело инсајдерско тргување?

Sase Ivanovski

Во петок технички консултации меѓу САД и Украина за минерали

Sase Ivanovski

Алијанса за Албанците: Европските образовни програми се во рацете на антиалбанец и антиевропеец

Sase Ivanovski

Насилник од Кондово се заканувал дека ќе убие татко и дете поради видеоснимка

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Владата одвојува повеќе средства за Армијата од стандардите на НАТО, прв повик за програмата „Дигитална Европа”, 38% струја од соларни и ветерни централи до 2030 година

Sase Ivanovski

Костовски: Вандализирана новата детска градинка во Бутел 1 

Sase Ivanovski

Претрес во Кондово, пронајден пиштол, лишено од слобода едно лице

Sase Ivanovski

Шукова: За Кочани мора да има неселективна правда, сите да бидат опфатени со истрагата

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја уништи државата со 3 милијарди нов долг – сега глумат финансиери

Sase Ivanovski

1001 сообраќајни прекршоци вчера на територија на цела држава, 279 за брзо возење

Sase Ivanovski

Спречен шверц на облека и обувки во заедничка акција на македонска и косовската гранична полиција

Sase Ivanovski

Нов Протокол за засилување на соработката помеѓу МВР и Јавното обвинителство

Sase Ivanovski

Македонски Концепт реагира на обвинувањата од ДУИ во врска назначувањето на д-р Петар Богојески

Sase Ivanovski

Герасимовски: Центарци аплицирајте за субвенции за велосипед, поддржуваме еколошки транспорт

Sase Ivanovski

ДОМ: Зошто не се применува платформата Е-инспектор? 

Sase Ivanovski

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е партија која најмалку се грижи за работниците и платите на граѓаните

Sase Ivanovski

ЗАДОЛЖИТЕЛНО МЕСЕЧНО ЧИТАЊЕ НА БРОИЛАТА И АВТОМАТСКА КОРЕКЦИЈА НА ПАУШАЛНО ИЗГОТВЕНИТЕ ФАКТУРИ ЗА СТРУЈА – СОСТАНОК СО РКЕ НА 11 АПРИЛ

Sase Ivanovski

СДСМ: Зошто четири недели по трагедијата во Кочани се уште нема проширување на истргата?

Sase Ivanovski

Илиевски: Од огромно значење е поддршката на Владата за општините, се решаваат децениски проблеми во Брвеница

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е човек кој има криминален багаж зад него, исто како Заев

Sase Ivanovski

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ води вистинската грижа кон земјоделците и ја покажува на дело, исплатени се субвенции за повеќе категории на земјоделци

Sase Ivanovski

Влада: Континуиран раст на платите – За шест месеци зголемување од 15 проценти во здравство, 12 во образование и 10 за полициските службеници

Sase Ivanovski

ЗМЕП Трајков на дебата “How can we make Europe great again?“

Sase Ivanovski

Петте најпознати проруски дезинформации на новинарот Такер Карлсон

Sase Ivanovski

Се губи надежта за пронаоѓање на преживеани по уривањето на покривот на ноќниот клуб во Доминиканската Република

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Детален водич за важноста на менување изглед на ликовите во видеоигрите: „Mенување скинови“

Sase Ivanovski

Изгоре Цитроен кај Клинички центар, огнот зафатил уште едно возило и фасада на зграда

Sase Ivanovski

Зеленски тврди дека 155 Кинези се борат за Русија во Украина

Sase Ivanovski
Вчитувам....