Дедо Мраз, кој денес ни пристигна со балон на топол воздух, подели над 3000 пакетчиња на сите дечиња кои присуствуваа на овој спектакуларен настан.Забавата беше зачинета и со одличен концерт на Детски фестивал Поточиња, како и театарска претстава. Новогодишниот период е време кога ja прославуваме радоста, кога еден на друг си посветуваме повеќе внимание, кога со возбуда го очекуваме новиот почеток кој треба да донесе здравје, среќа, успех и други убави нешта за нашите најсакани.
Се чини дека најважни за сите нас, сепак, се децата чии желби се најискрени и најтопли, токму затоа денес се потрудивме на уникатен начин да ја испратиме старата и да ја дочекаме новата година што е на прагот.Сакам од срце да ви се заблагодарам на сите кои бевте присутни денес, ви благодарам и на сите кои придонесовте ова денес да изгледа толку убаво.Догодина, ќе се потрудиме повеќе и ќе го направиме традиција. Да сте ми здрави и живи!