Со огромна чест сакам да ве информирам дека изградбата на нова, современа детска градинка во населбата Расадник, се одвива со одлична динамика!
🏠Објектот ќе има капацитет за 120 дечиња и ќе се простира на површина од 800 квадратни метри, со вкупно 6 занимални, од кои 2 се наменети за јасли.
📑 Оваа градинка е дел од нашата цврста заложба за целосно затворање на листите на чекање за прием во детски градинки на територија на Општина Кисела Вода.
🔙 Кога ја презедов функцијата, се соочивме со бројка од повеќе од 400 дечиња кои беа на листите на чекање.
🏠 Со изградбата на оваа градинка, како и со новите објекти во 11 Октомври и во Потстаница, обезбедуваме место за секое дете, а ќе имаме и можност да примаме дечиња и од другите општини.
🏗️ Обезбедуваме топол, безбеден и модерен простор за секое дете, но и големо олеснување за секој родител.
📈Ова не е само инвестиција во инфраструктурата – ова е инвестиција во иднината.
📋 Го исполнуваме ветувањето кое го дадовме пред граѓаните, дека децата ќе бидат приоритет број еден.
🙏Благодарност до Владата на Република Македонија, до премиерот Христијан Мицкоски, до Министерството за труд и социјална политика, до сите институции и луѓе кои се вклучени во реализација на овој проект.