Работно време на билетарници и центри за персонализација Во сабота (19.04.2025 год.) билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовното работно време. Во петок (18.04.2025 год.) и недела (20.04.2025 год. ) дежурна ќе биде билетарницата и центар за персонализација на Транспортен центар.
Работно време на Жичница Жичницата од петок (18.04.2025 год.) до недела (20.04.2025 год. ) ќе работи со редовно работно време, од 10 до 18 часот, а во понеделник (21.04.2025 год.), вообичаено како и секој понеделник нема да работи.
Потсетуваме дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот, за Жичницата се неработни денови. Ви ги честитаме Велигденските празници!