До минатата година, државата го промовираше греењето на пелети како еколошко и доделуваше субвенции за да ги стимулира домаќинствата да го користат овој енергенс. Сега, со измените на Законот за ДДВ, даночната стапка за прометот и увозот на пелети, печки на пелети и котли на пелети од повластените пет проценти се предлага да се покачи на редовната стапка од 18 отсто. За неколкупати е зголемен бројот на нарачки на пелети откако владата најави дека ДДВ-то за нив од 5% ќе се качи на 18%, велат производителите и трговците со овој енергенс на кој се греат многу македонски домаќинства. Претпоставка е дека нивните трошоци во грејната сезона со растот на давачка ќе бидат повисоки од 100 до 200 евра.
„Пелетите ќе поскапат од 2 000 до 2 500 денари по тон а едно домаќинство троши до 3 тона. Само по основ на ДДВ тоа ќе треба да даде 7 000 денари. Пелетите се еколошко гориво и како такво треба да биде стимулирано, а не да се одвраќаат граѓаните од таквиот начин на загревање“, вели Владимир Стојановски од Здружението на производители и увозници на пелети ‘Биомак енерџи’. Против одлуката на министрите за финансии и економија, Бесими и Бектеши е и нивната колешка од ресорот за заштита на животната средина Катја Шукова.
„Ние и понатаму сметаме дека овие мерки треба да се поттикнуваат и не го поддржуваме зголемувањето на ДДВ-то на пелетите, но сепак министерството за економија и министерството за финансии се ресорни министерства што ги водат политиките во овој дел“’,потенцираат од екологија.
Владата предлага зголемување на ДДВ-то за пелетите од 5% на 18%. До минатата година, државата го промовираше греењето на пелети како еколошко и доделуваше субвенции за да ги стимулира домаќинствата да го користат овој енергенс, како замена за нафтата и за дрвата. Сега, со измените на Законот за ДДВ кои се дел од даночната реформа која ја предлага владата, меѓу останатото се предлага зголемување на даночната стапка за прометот и увозот на пелети, печки на пелети и котли на пелети од повластена од пет проценти на редовната стапка од 18 проценти.
Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Битиќи пред неколку дена потенцира дека може да има отстапувања од владата во однос на мерката за враќање на даночната стапка, ако тоа во овој временски период тоа би значело сериозно оптоварување на буџетот на граѓаните. Повисоките даноци за пелетите може да бидат со одложена примена ако тоа го предложат пратениците, вели Битиќи. Денеска и од ВМРО ДПМНЕ најавија ќе го поддржат барањето на Здружението на производители и увозници на пелети ‘Биомак енерџи’. По средбата што ја имаа со нив, од партијата известија дека со амандман ќе реагираат на предложените измени на данокот за овие производи со кои ќе се побара тие да останат на истото ниво како досега.