„За Катица Јанева ве уверувам дека имав анонимна дојава дека не е на работното место. Јас по службена должност бев обврзан да пратам службени лица да проверат дали е тоа така и тие констатираа дека не била на работното место“,вели Пандов.Тој додаде дека Јанева има право повторно да побара дозвола за работа. „Нека побара“ рече тој.Сепак, останатите три работни дозволи што ги одзела Управата откако Пандов е назначен за в.д. директор, се случиле после проверката на Јанева.
Изминатава недела службеници од Управата извршиле контроли на повеќе места во Скопје, Тетово и Гостивар. Од десетина проверени лица, најдени се уште три кои требале да бидат на одредено работно место, а не биле. И на нив ќе им бидат одземени работни дозволи, вели Пандов.„Ќе се прават проверки за и во тој дел да се стави ред. Јас сум за кој може да биде работно ангажиран да работи, меѓутоа тие треба фиксно да си седат на работното место. Дел од нив седеле, дел од нив не седат. Ќе сфатат дека не може така, како и Катица Јанева“,додава тој.