-Сега учениците ќе знаат дека не можат тоа да го прават, но ќе знаат и родителите. Па затоа очекувам учениците малку повеќе да се потрудат, и да престанат притисоците од родителите. Одреден број на наставниците кои им се наоѓале на услуга на родителите, исто ќе знаат дека на наставнички совет не може тоа да се прави. Огромен број на наставниците ја поздравуваат мерката, затоа што ќе бидат растеретени од притисокот. Пораката е јасна „Ако сакате добра оценка, мора да учите“. Доколку сакат да ја поправат оценката и сметат дека доуичиле, можат да излезат на испит пред комисија од тројца членови, да го полагаат испитот и ако добијат поголема оценка таа ќе им биде заведена во дневникот – рече министерката.
-Станува збор за оние ученици на кои сите им се петки, а има една четворка, тогаш вообичаено Наставничкиот совет ја поправа четворката да стане петка и детето да стане скорз одличен. Сега тоа го нема. Детето има право да вложи приговор. И да рече „јас цела година учев и сметам дека мојата крајна оценка треба да е петка“. Комисијата треба да го испраша за целиот материјал. Тоа не треба да биде голем и тежок испит, но детето треба да помине низ целиот материјал за да се докаже. Тоа нема време, во рок од три дена кога треба да се заврши процедурата, нема време да научи, туку ќе се процени фактичкото знаење. Тоа е така и на факултетите. Студентот кој не е задоволен од оценката, во рок од три дена може повторно да излезе на испит и да полага и да покаже дали заслужува повисока оценка. Така е тоа секаде низ светот, рече министерката Јаневска.
-Психолозите велат дека контринуираното учење е потрајно, а дека кампањското децата полесно го забораваат. Веројатно од тука се и лошите резултати. За тоа и резултатите се пониски. Ќе си учат контринуирано цела година. А родителите ќе ги стимулираат да учаат, оти ако родителите имаат амбиција да ги запишат некаде ќе треба да ги стимулираат да учат – рече министерката Јаневска.
Во реакцијата на СДСМ се вели дека ова е удар врз наставничката професија и директно девалвирање на стручноста на наставниците.
-Ја доведува во прашање стручноста на наставниците, тврдејќи дека не знаат да оценуваат, и дури најавува дека ќе им го одземе правото на наставничките совети да го утврдуваат успехот на наставниците – што е спротивно на законот – рече Јованче Манасков од СДСМ.