На денешната седница на советот на Град Скопје имаше обраќање советникот Филип Јаневски од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кој напомена неколку работи во однос на предложената одлука да се промени интервалот на линиите кои сообраќаат во руралните средини и приградските населени места, и напомена дека со тоа би дошло да граѓаните се соочуваат со многу поретки линии на располагање. „Се работи за одлука со којашто дел од линиите кои се менуваат, односно распоредот на линиите за кои се менуваат, се намалува интервалот, меѓутоа генерално за најголем број од линиите се намалува односно автобусите ќе бидат поретки. Ова е случајот со линиите кои се приградски кои сообраќаат во руралните средини околу градот Скопје и во приградските населени места околу градот Скопје коишто и онака веќе се ретки“, вели Јаневски. Советникот потенцираше дека оваа одлука нема да биде прифатена, исто така истакна дека проблемите кои настануваат во ЈСП се поради лошото менаџирање таму со тоа што има автобуси оставени без да се вметнат во употреба и кои не се сервисирани.
„Така што јас би сакал да кажам дека ние како советничка група оваа одлука нема да ја подржиме токму поради овие причини, имено би сакал да напоменам дека до пред две години отприлика возниот ред како ваков како што е беше целосно испочитуван од ЈСП се додека не почнаа проблемите во ЈСП и со овој обем на автобуси којшто го има ЈСП, така што не се работи овде за недостаток на автобуси туку се работи овде за лошо менаџирање со ЈСП и со флотата на автобуси којашто ја има, бидејќи имаме огромен број на автобуси коишто не се сервисирани, коишто се вон употреба“, рече Јаневски. Јаневски истакна дека е недозволиво ЈСП по само еден месец од кога се изгласани 800 милиони денари да бара по втор пат намалување на автобуските линии што би придонело да граѓаните се соочуват со потешкотии со јавниот превоз.
„Во овој момент за ова да се гласаат да се намалуваат бројот на автобусите и редовноста на автобуските линии посебно во руралните и приградските населби за нас за мене лично е е недозволиво особено што граѓаните двојно пати плаќаат за услугата која што ја добиваат. Пред еден месец изгласавме 800 милиони денари за ЈСП за тие еден месец подоцна да дојдат по втор пат да бараат намалување на одредени автобуски линии, тоа е недозволиво, така што ние оваа одлука нема да ја подржиме се надевам дека во иднина ќе не консултирате нас советниците“, вели Јаневски.