Капитенката на јапонската женска гимнастичарска репрезентација, Шоко Мијата (19) нема да учествува на Олимписките игри во Париз откако ги прекршила правилата поврзани за пушење цигари и консумирање алкохол.
Mладата девојка признала дека во текот на јуни испила алкохолен пијалак и запалила цигара, а по враќањето била исфрлена од олимписката база. Пушењето цигари и пиењето алкохол се забранети во Јапонија за лица помлади од 20 години, па и тоа е најголемата причина поради која е исфрлена. Тренерот Мусуми Харад порача дека однесувањето на Мијата била непромислено.
„Поминуваше денови во кои имаше голем притисок. Би ги замолил луѓето да ја разберат“, изјави Харад.
Мијата е актуелна јапонска шампионка, а на Светското првенство во Ливерпул освои бронза.