„Во суштина работата на анкетната комисија беше да се отвори политичката одговорност. Сите со жалење констатираме дека другиот тип на одговорност сите уште го очекуваме. Политичката одговорност беше јасно утвредена, не само кај министерот туку и кај тогашниот премиер“, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски на денешната трибина насловена „Моќта на лековите, живот или профит?“. Јаревски продолжи и додаде:
„Се соочуваме со систем кој намерно бил уништуван, свесно тоа се уништвало за да се остави простор да се доведе во ситуација каква што била, најверојатно поради профит“, рече Јаревски. Јаревски истакна дека одговорноста треба да се утврди од надлежните органи. „Ние тврдења не можеме да кажеме, одговорноста треба да се утврди од органите, но можеме да дадеме мислење. Зошто го велам ова? Наивно е да мислиме дека на толку милиони проневерени како што имаше сознание или укажување дека некој би останал така на страна или не би презел понатаму чекори. Она што е многу поважно, не е само дека некој ќе сака да има интерес, туку некој ќе треба да го спроведе тој интерес, затоа е одговорноста потребна“, кажа Јаревски. Јаревски потенцираше дека реверси веќе не постојат и се оди на транспарентна постапка. „Сега веќе реверси не постојат, сега ќе се оди со транспарентна постапка, со нова методологија, двојно се зголемени контролите во процесот како се дефинира набавката“, дециден е Јаревски.