Притоа пратеникот ја образложи реалната ситуација со случајот Онкологија ги наведе позитивните промени на Клиниката за онкологија, посветеноста во работата на вработените и позитивните ефекти кои се согледуваат во исказите на пациентите, со тоа што се забележува огромна разлика. „Бевме сведоци на информации каде што веќе вчера пристигнаа лекови за биолошката терапија на наше огромно задоволство знаеме дека кадарот на онкологија е зголемен со повеќе 8 нови доктори, бевме сведоци каде што основниот буџет е за 40 илјади евра веќе за следната година, двојно повеќе медикаменти од претходно и она што мене најмногу ме радува е што се сведоци пациентите кои што велат дека динамиката интензитетот посветеноста на вработените на Онкологија е навистина за пофалба беспрекорно максимално посветени се во работата“, вели Јаревски.
Покрај позитивните страни, пратеникот се осврна на негативностите на лидерот на СДС Венко Филипче и неговите пресови кои покажуваат дрскост и наведе дека СДС како опозиција предводени од истата личност се непоправливи. „Можеби треба да го потсетиме дека не беше само расправата на анкетната комисија имаше извештаи од Државниот завод за ревизија, истите се закачени со наоди со откритија и истите се доставени до ЈО дали знаете го доставува Државниот завод за ревизија извештаи до ЈО, кога криминалот се гледа од месечината. Па уште кажува дека извештаи имало но некој ги прикрил а притоа заборава дека во Анкетната комисија имаше и посветени колеги од СДС, материјалите, информациите и документите ги побаравме од предметните институции и министерствата предводени од СДС и коалицијата“, рече Јаревски.
Тој исто така посочи дека Венко Филипче треба да се потсети на сите ситуации во негово време кога тој бил министер за здравство и бил одговорен за надзорот и работењето.
„Седум месеци му требаа по избивањето на скандалот по алармирањето на јавноста да влезе на Онкологија, седум месеци истиот Оливер Спасовски ќе беше добро да му одговори на Филипче и за уште една алармантна работа кај што и тој беше сведок како раководител, дали се законски реверсите, биле запознаени, било дискутирано во владата, свесно се правел криминалот, свесно се кршел законот“, истакна Јаревски.