За интерпелацијата на членовите на судскиот совет, се огласи професорката Мирјана Најчевска. Таа вели дека се согласува со неа.
„Јас се согласувам со интерпелацијата на членовите на судскиот совет избрани од страна на Собранието. Функционерот кој е избран од страна на Собранието треба да одговара пред Собранието. Телото кое го избрало има право и да го постави прашањето за неговаат соодветност. Не се разрешуваат судии. Се разрешуваат политички поставени членови кои впрочем направија суштински грешки и го девалвираа судството до невидени размери. Може да го промените начинот на поставување членови на Судскиот совет, меѓутоа не може да го одземете правото на телото кое ги поставило да побара нивна одговорност.
Вистинскиот проблем е во тоа што СДСМ за 8 години не сакаа да направат судска реформа. Во моментот кога се појави реална можност да се направи ваква реформа судиите, јавните обвинители и нивните пријатели во власта ја стопираа. ДПМНЕ нема да направат судска реформа исто така. Не им одговара независно судство кое е составено од судии кои знаат, умеат и имаат кредибилотет. Се додека не се направи реформа на судството ќе се замајуваме со политички решенија. Меѓутоа СДСМ да престане да креска кога е во опозиција а да бите мртво пувало кога е на власт. Тоа покажа дека е ДПМНЕ со наслов СДСМ“, напиша таа.