Случајот бил пријавен на 15 јуни 2025 година во 12:23 часот во Секторот за внатрешни работи Куманово, од страна на Општата болница Куманово, каде што била донесена жената во бессознание.
Жена на возраст од 36 години од село Матејче, општина Липково, заврши во тешка здравствена состојба откако добила струен удар додека извршувала домашни работи во дворот од семејната куќа.Случајот бил пријавен на 15 јуни 2025 година во 12:23 часот во Секторот за внатрешни работи Куманово, од страна на Општата болница Куманово, каде што била донесена жената во бессознание.
„Според пријавеното, повредената А.Ф. (36) се здобила со повреди од струен удар додека чистела во дворот, во близина на машина која била во дефект“, информираа од Министерството за внатрешни работи.На местото на настанот е извршен увид од полициски службеници, а се работи на целосно расчистување на случајот.