Веднаш почнаа шпекулациите кој би бил следниот ангажман на Клоп, а според „Билд“, би можел да биде новиот селектор на германската репрезентација, а тамошната федерација е подготвена да го чека колку што е потребно. Во моментов селектор е Јулијан Нагелсман, но по Европското првенство се шпекулира дека можно е да си замине. Во германската федерација веќе прават план за Светското првенство во 2026 година, а на Клоп прво ќе му биде понудена можност да ја води репрезентацијата.
Федерацијата се надева дека Клоп ќе се согласи да го преземе националниот тим од март 2025 година, кога ќе започнат подготовките за следниот Мундијал.Во Германија се многу оптимисти дека Клоп може да се согласи, бидејќи ќе има доволно време за одмор, но и голем предизвик пред себе, кој, од друга страна, нема да му одземе толку време како во клубот.