Јована Пајиќ е последната српска пејачка која настапи во дискотеката “Пулс” во Кочани, каде за жал во големата трагедија кога избувна пожар на 16 март, загинаа 59 лица, додека околу 200 се повредени.
Јована се огласи за српскиот портал “Блиц” по повод големата трагедија: – Местото е дискотека, не е некој шатор па така лесно да избие пожар. Ужасно е ова што се случи, навистина сум потресена. Не се сеќавам кога настапував дали имаше поголема пиротехника, која би можела да предизвика пожар, вели Јована