Деканката на Филозофскиот факултет во Ниш Наталија Јовановиќ била нападната со нож од жена во Ниш. Оваа информација ја објавија српските медиуми, а Наталија Јовановиќ била однесена со брза помош и моментално е на пат кон Ургентниот центар. Очевидци за N1 изјавиле дека слушнале како претходно напаѓачот и рекол дека ќе и фрли киселина. Луѓето ја однеле деканката во блиската обложувалница, а потоа пристигнала брзата помош. Еден од очевидците вели дека во групата имало повеќе луѓе.
Инаку деканката на Филозофскиот факултет во Ниш, Наталија Јовановиќ беше прва меѓу деканите која јавно застана покрај своите студенти, кога шест часа ја блокираа зградата на Универзитетот во Ниш, а потоа најавија дека го блокираат Факултетот. Привлече големо внимание во јавноста, а од самиот почеток беше мета на владините медиуми, владините функционери и претседателот на Србија. Девет години е на чело на Филозофскиот факултет во Ниш, а малкумина знаат дека ваква ситуација со студентите доживеала во 90-тите години, кога била „млада асистентка“, но „доволно зрела“ да сфати дека на младите им е потребна.