Лазар Јовевски, надворешен советник за труд и социјална политика на претседателот на Владата на Македонија во своето гостување во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“ зборуваше за платите во јавниот сектор каде потенцираше дека владата сака да направи се да се стабилизира целиот систем на плати, а потоа и да се пристапи кон системско решение со кое ќе се обезбеди достоинствена плата за достоинствена работа.
„Она што забележувам е дека оваа влада сака да ја стави под контрола висината на платите во јавниот сектор. Се случува да имате институции каде административните службеници во одредено министерство земаат една плата, а одредени даватели на услуги или друг тип на извршители кои што имаат други работни задачи земаат двократно, трократно повисоки плати. Сето тоа доведе до една какафонија во однос на платите, до една нелојална конференција, до незадоволство кај вработените, едни земаат, други не земаат, едни склучиле колективен договор веднаш, другите реагираат зошто и ние да не склучиме, па зошто се тие привилегирани и слично и сето тоа создаваше еден домино ефект на незадоволство и паѓање во продуктивноста во јавниот сектор. Она што сега се случува е да се стабилизира целиот систем на плати во државата односно она што Владата со социјалните партнери односно синдикатите се обидува да направи е да оние гранки од јавниот сектор како што е образованието, здравството, полицијата да дојде до стабилизација на платите, а потоа да се пристапи кон системско решение, законско кое ќе значи уредување на прашањето на платите од страна на владата, социјалните партнери, синдикатите на која што ќе биде обезбедена достоинствена плата за достоинствена работа“, рече Јовевски. Јовевски во текот на своето гостување се осврна на зголемувањето на пензиите кое го направи оваа Влада и укажа дека математиката за зголемување на пензиите е неприкосновена.
„Јас со претседателот, но и со економскиот тим на претседателот уште во рамки на опозиција и всушност математиките, економските параметри покажаа дека во суштина зголемување на платите е можно, линеарно како што се случи на две рати, во рамки на една или помалку од една година во однос на пензиите и би рекол математиката е неприкосновена и заклучи: „Kога ќе ги видите бројките, кога ќе видите дека има одредени средства кои што можат да се вложат во рамки на покачување на стандардот и достоинството на пензионерите, мислам дека немаше друг заклучок освен тоа дека треба да се пристапи кон зголемување на пензиите“. Јовевски порача дека покачувањето на пензиите е добар чекор, а доказ за тоа е што 90% па и повеќе од населението со радост го прифатија и дека тоа влијае на стабилизација на стандардот и на достоинствениот живот на граѓаните.
„Тоа што ние го направивме во овој момент е во суштина обезбедивме едно покачување на пензиите кое што навистина мислам дека 90% па и повеќе со радост ја прифатија, генерално целокупното општество и граѓаните затоа што тоа се наши фамилии, нашите пријатели така да дефинитивно сметам дека тоа е еден добар чекор и влијае на стабилизација на стандардот и на достоинствениот живот на граѓаните генерално“, заклучи Јовевски.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ