Кошаркарската репрезентација на Македонија денеска претрпе убедлив пораз од Естонија во претпоследното коло од квалификациите за Европското првенство со 65:84. Македонија денеска се прикажа во добро светло само во првото полувре, додека второто во целост им припадна на домаќините. По натпреварот како една од причините за поразот, селекторот Александар Јончевски ги истакна нереализираните отворени шутеви, но исто така и го пофали противникот. „Реализиравме се што трениравме.
Бевме добри во одбраната и ја контролиравме играта. Во второто полувреме промашивме многу отворени шутеви, еден реализиран од четиринаесет обиди. Некои од играчите имаа навистина отворени шутеви, но кога не реализирате против тим како Естонија, кој со поддршка и од трибините многу лесно не казни. Ние мораме да продолжиме понатаму и да се бориме за пласман на наредното првенство“, изјави Јончевски. Во последното коло за три дена Македонија на домашен терен ќе игра против Полска.