Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ – Скопје, на 08 мај го одржала своето 19-то редовно годишно изборно Собрание, на кое било избрано новото раководство на Комората со мандат 2025 – 2028 година. За нов прв човек на МАСИТ е избран Јордан Димитровски од компанијата „Аитоникс“, соопшти Комората. За членови на Управен одбор на МАСИТ се избрани:
г. Јордан Димитровски, Аитоникс, Претседател на Управен одбор
г. Благој Христов, Македонски Телеком,
г. Драган Чепујноски, А1 Македонија
г. Дамјан Манчевски, МАК-Систем
г-а Софче Јовановска, Скеил фокус
г-а Весна Иваноска, Киншифт Академи
г-а Костандина Пареска Медарски, Валтек
г. Филип Петровски, Дата мастерс
г. Зоран Лазаревски, Ултра
За членови на Надзорен одбор на МАСИТ се избрани:
г. Горан Митев, Едусофт
г. Миле Стоиловски, Брансис
г-а Маријана Андриќ, Маранд
Нови членови на Судот на честа на МАСИТ се:
г. Дашмир Истрефи, Хојотек
г. Сашо Јовановски, Даталаб
г-а Јана Дамевска, Инфиго
„На конститутивната седница на Управниот одбор на МАСИТ, која се одржа на 15ти мај 2025 година, г. Јордан Димитровски, експерт за развој на бизнис, сопственик и извршен директор на компанијата „Аитоникс“ беше избран за Претседател на Управниот одбор на МАСИТ за мандатниот период 2025–2028. Компанијата „Аитоникс“ е високо етаблирана и добро позната во ИКТ индустријата, а оваа година одбележува 25 години успешно работење во Македонија“, велат од МАСИТ.