МАКТЕЛ

     

ЈПДП одбива да достави информации за автопатската траса кон Блаце што ја наследил Трајановски – „заштитената цел“ била над јавниот интерес!

      

Откако министерот за транспорт Александар Николоски неодамна во интервју за „Фокус“ изјави дека автопатската делница кон Блаце била прецртана низ планински дел, а земјиштето преминало во сопственост на функционери од ДУИ, од ЈП за државни патишта како инвеститор побаравме информации во врска проектот што актуелниот директор Коце Трајановски го наследил од неговиот претходник Ејуп Рустеми. Откако ЈПДП првично не удостои само со кус одговор дека во тек е ревизија на проектот, поднесовме жалба до второстепената Комисија, која оцени дека јавното претпријатие не постапило согласно Законот. Сепак, од таму при повторното одлучување носат решение со кое го одбиваат нашето барање, бидејќи тестот на штетност што го спровеле покажал дека евентуалното доставување и објавување на информации за стратешки важниот проект во оваа сензитивна фаза би ја довело во прашање неговата реализација. Со други зборови, имателот на информациите оценува дека „преовладува заштитен интерес над јавниот интерес“, односно дека „можната штета што би се нанела на заштитената цел ќе биде поголема од јавниот интерес“, иако самата власт досега јавно го проблематизираше проектот и изнесе низа информации.

Влатко СТОЈАНОВСКИ

Министерот за транспорт, Александар Николоски, во интервју за „Фокус“ пред околу 3 месеци, говореше и за автопатот кон Блаце, откривајќи дека трасата била прецртана во планински дел, каде речиси половина од делницата, според него, требало да минува низ тунели, додека земјиштето во тој дел, како што истакна, преминало во сопственост на функционери на ДУИ.

   

Всушност, според него, тоа било направено за време на претходната власт и додека директор на Јавното претпријатие за државни патишта бил Ејуп Рустеми од ДУИ.

Трасата се поместува низ планината и од 13 километри испаѓа 6 километри да се тунели. И проектираната цена, за која има обезбедено средства од Европската банка за обнова и развој, од 171 милион евра, се качува на 240 милиони евра, или ја креваат вредноста за 70 милиони евра, што ќе го направи најскап автопат било каде во регионот, бидејќи еден километар би чинел 20 милиони евра. Тоа е расипничко трошење пари.

Плус, прашање е дали тој автопат воопшто е изводлив? Прво, дали има компанија што може да изведе 6 километри тунели за 4 години? Јас мислам дека нема, со цела почит кон сите. И второ, со што ќе се спои овој автопат на косовска страна, зашто ако се изгради овој автопат и Косово ќе треба да ја пробива планината и да го спои на постојниот пат. Затоа, одлучивме да направиме ревизија на проектот… рече Николоски.

(ИНТЕРВЈУ) Николоски: Функционери на ДУИ стекнале земјиште каде се цртала новата автопатска траса кон Блаце!

Притоа, тој упати, како што рече, уште еден предизвик, прашувајќи: „Дали на оваа нова траса, во делот што треба да се експроприра, нови сопственици на земјиштето станале одредени функционери на ДУИ во периодот кога се проектирала трасата?“.

На нашето потпрашање дали има такви информации и за кои функционери станува збор, тој одговори потврдно и изјави: „За врвот на ДУИ“.

Со оглед на тоа што станува збор за сериозни тврдења, се обидовме да ги обезбедиме потребните податоци. Па така, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, испративме барање до ЈП за државни патишта како инвеститор на автопатската делница кон Блаце.

По промената на власта, на чело на јавното претпријатие застана Коце Трајановски, поранешен пратеник кој потоа беше градоначалник на Гази Баба во еден мандат и на Град Скопје во два мандати.

Прво, побаравме информација во која фаза е проектот за изградба на последната делница од автопатот кон Блаце, чија изведба не е започната.

Второ, побаравме скица или визуелен приказ од трасата, која, како што беше соопштено во јавноста, била прецртана низ планински дел, при што од вкупно 13 километри 6 километри се тунели.

И трето, побаравме податоци за катастарските парцели низ кои минува затекнатата траса од новото раководство на ЈПДП.

Во однос на тоа, првично добивме краток одговор дека „во моментот проектот за изградба на автопатската делница Скопје-Блаце 10 км е во завршна фаза и се очекува завршната ревизија од Градежниот факултет да биде доставена до инвеститорот“.

Арно ама, одговорот не го задоволува најголемиот дел од барањето. Односно, тој може да се однесува само на првото од трите прашања, поврзано со текот на постапката. Но, со второто и третото прашање се бараат информации за веќе изготвената траса за која се говори во јавноста и од страна на министерот Николоски и од страна на други претставници во власта.

Дури, и на нивните искази се реферира во барањето, кое е со цел да се добијат податоци низ кои парцели поминува трасата што новото раководство на ЈПДП ја затекнало од нивните претходници, а за која говорат дека е нацртана низ имот кој претходно завршил во сопственост на поранешни функционери.

Со овие аргументи, се жалевме на одговорот од ЈПДП до второстепената Комисија за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, која ја прифати нашата жалба.

Со дата од 08.11.2024 година, Комисијата носи решение со кое ја уважува жалбата, а негативното решение на ЈПДП како имател на информацијата се поништува и предметот се враќа на повторно постапување.

Во образложението, од Комисијата велат дека ЈДПП не постапило согласно Законот.

Согласно член 3, став 1, алинеја 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, информација од јавен карактер е информација во која било форма што ја создал или со која располага имателот на информацијата согласно неговите надлежности, а согласно член 10, став 1, алинеја 1, 8, 14, 15, 19, 20, 22 од истиот Закон, имателот е должен да ја информира јавноста со објавување на податоци од негова надлежност, како и за документи кои се однесуваат на актите од надлежноста на имателот“, стои во решението на Комисијата.

Понатаму, во него се додава дека со давање на бараните информации ќе се обезбеди поголема транспарентност и отчетност на имателот на информации за начинот на трошење на јавните пари и ќе се овозможи остварување на јавниот интерес.

Оттука, додава Комисијата, имателот на информации е должен одново да го разгледа барањето, да постапи согласно законските одредби и со соодветно решение да ги достави бараните податоци.

Сепак, и покрај ваквите насоки на второстепениот орган, ЈПДП повторно носи решение со кое одбива да ни ги достави бараните информации, овојпат по спроведување на т.н. тест на штетност.

ШТО СОДРЖИ ТЕСТОТ?

Првата точка се однесува на „утврдување на заштитен интерес“, при што се наведува дека овој заштитен интерес се утврдува со тоа што проектот моментално е во сензитивна фаза, односно во завршна фаза и се очекува завршна ревизија од Градежниот факултет, која се уште не е доставена до инвеститорот.

Потоа, јавното претпријатие извршило проверка дали би имало „штета од објавувањето“ на бараната информација, при што заклучува:

„Во оваа фаза проектот не е конечен и во процесот на ревизија може да претрпи промени. Со доставување на нерелевантни податоци, јавноста би можела да добие нецелосна слика и информација. Откривањето на бараната информација може да го доведе во прашање извршувањето на проектот, а со тоа и стратешкиот интерес на државата. Можната штета што би се нанела на заштитената цел ќе биде поголема од јавниот интерес“.

Исто така, во рамки на ЈПДП била извршена и „проверка дали постои поголем јавен интерес“, па во тој дел се наведува дека потребно е да се почека завршувањето на ревизијата, како и постапувањето на проектантот по можните забелешки, имајќи го во предвид фактот дека проектот е во фаза на ревизија поради што може да претрпи промени.

Од тие причини, односно со цел да не нанесе штета на проектот, јавното претпријатие тврди дека одговорила негативно на нашето барање.

„Не е можен делумен пристап. Преовладува заштитен интерес над јавниот интерес. Штетата што би се нанела на заштитената цел која е од стратешки интерес за државата ќе биде поголема од јавниот интерес доколку се открие информацијата. Не треба да се даде бараната информација“, стои во тестот на штетност спроведен од ЈПДП, врз основа на кој по вторпат го одбива нашето барање за информации поврзани со затекнатата автопатска траса кон Блаце.

Поради ваквата одлука, повторно поднесовме жалба до второстепената Комисија, во која наведуваме дека, од една страна, ЈПДП оценува дека објавувањето на информации за овој проект, во оваа фаза, би нанелo штета врз стратешки државен интерес која би била поголема од јавниот интерес, додека, од друга страна, токму највисоки претставници на власта ја актуелизираа во јавноста темата за автопатот кон Блаце и изнесуваа информации за проектот, кои сугерираа и незаконско постапување на нивните претходници.

Се уште траат временските рокови за одговор по жалбата.

КОМПАНИИ НАМЕСТО ФУНКЦИОНЕРИ

Во меѓувреме, министерот Николоски говореше за овој проект и на собраниска седница за пратенички прашања, на која објави кој го купил имотот каде треба да минува трасата. Меѓутоа, тој не спомена лица, туку компании.

Конкретно, посочи дека компаниите „Јубај 2 Амет“, „Фрукта фрута“, „Кадис холдинг“ и „Атлантик ДООЕЛ“ ги купиле плацовите од физички лица, кадешто е предвидено да поминува трасата на автопатот, а плацовите, според него, биле препродавани дури неколкупати.

Техничкиот консултант, компанијата „Суец“, што била избрана како техничка поддршка во изведба на автопатот Скопје-Блаце, преку писма го предупредувал поранешниот директор на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, дека трошоците за проектот пораснале од 172 на 240 милиони евра оти двапати се правела промена на проектната документација. Истата компанија предупредува дека тунелите се погрешно проектирани и не се проектирани согласно европските стандарди.

Во последниот документ од „Суец“ од септември годинава испратено до новиот директор Коце Трајановски се вели дека намерно тунелите се погрешно проектирани и не се според европските стандарди. Кога би имало тендер што би го распишал Рустеми, само една компанија може да го добие и да гради такви тунели. Но, ниту јас, ниту Коце, ниту премиерот, ниту ЕБРД не се наивни да финансираат криминал. И овие податоци не ги кажувам јас, туку „Суец“, најголемата компанија што го градела Суецкиот канал – рече тој.

Во однос на тоа, реагираа од опозициската ДУИ на Али Ахмети, од каде соопштија дека самиот Николоски во парламентот рекол дека никој од редовите на ДУИ не купил земјиште на патот Скопје-Блаце, како што претходно обвинувал со недели.

Како што истакнаа од Мала Речица, тој открил имиња на 4 фирми кои, според нив, за свои потреби купиле земјиште во близина на трасата, а ниту една од нив нема ниту една единствена врска со ниту еден функционер на ДУИ.

Николоски се демантираше себеси и ВМРО-ДПМНЕ. Секојдневните ретерирања на Владата, како за Коридорот 8, така и за автопатот Скопје-Блаце, покажуваат несериозност и леснотија на ширење лажни вести од самата Влада и владините министри без етнички легитимитет. Граѓаните се убедени дека тврдењата на ВМРО и ВЛЕН треба да се земат со голема резерва, бидејќи тие се предомислија за секое прашање и ги негираа нивните лажни обвинувања“, порачаа „интегративците“.

АВТОПАТ СКОПЈЕ-БЛАЦЕ: Како функционерите на ДУИ станаа компании и каде „исчезна“ мислењето за да се помести трасата?

Исто така, треба да се спомене дека во интервјуто за „Фокус“ Николоски рече дека проектантите од ЈПДП под раководство на Рустеми од ДУИ побарале и по брза постапка добиле мислење од Министерството за животна средина, според кое просторот што претставува природна линија од веќе изградениот автопат на Косово кон Скопје треба да се заштити како „еколошки заштитено подрачје“.

Кога доаѓате од Косово кон Македонија, дел од автопатот поминува низ река. Еден убав автопат, кој изгледа дека е тежок и скап, но во суштина е евтин, зашто не градите тунели и немате експропријација. По секоја логика, зашто границите се вештачка работа и не се дел од природата, автопатот треба да продолжи по истата линија кон Скопје.

Но, проектантите од ЈПДП под раководство на Рустеми од ДУИ побарале мислење од Министерството за животна средина, кое пак по брза постапка им дало мислење дека тој простор треба да се заштити како еколошки заштитено подрачје и сугерираат да се помести трасата – рече тој.

Затоа, го побаравме ова мислење од Министерството за животна средина, но од таму го добивме следниот одговор:

„Ве информирам дека откако ги консултирав надлежните сектори во врска со Вашето прашање, односно Секторот за природа, Секторот за води, Секторот за животна средина и Секторот за просторно планирање, констатирано е дека Министерството за животна средина и просторно планирање нема издадено вакво мислење…“.

Инаку, Фокус“ своевремено ја истражуваше и изградбата на првите 2 километри од автопатот кон Блаце, при што беа презентирани податоци за начинот на кој градежниот гигант АД „Гранит“ го доби и изврши првиот милионски договор за изградба на автопатска делница кон Блаце и потоа доби втор вреден тендер за комплетирање на оваа 2 километарска траса, непосредно пред да го продаде хотелот на Попова Шапка за 55 илјади евра на фирма-загубар со еден вработен.

   

Најново

ВРХОВЕН НА 7 МАЈ ЈА УКИНАЛ ЗАТВОРСКАТА КАЗНА ЗА ВАСИЛ ЗА ДИЛАЊЕ ДРОГА Возачот што ја усмрти Фросина немал правосилна пресуда против него како отежнителна околност

Sase Ivanovski

Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

Sase Ivanovski

Осумдесет години по завршувањето на Втората светска војна, некои Европејци забораваат кои биле лошите момци…

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Арапски коњи ја придружуваат поворката на Трамп по пристигнувањето во Саудиска Арабија со Илон Маск…

Sase Ivanovski

Папата Лео, во првиот познат разговор со странски лидер, разговара со украинскиот Зеленски…

Sase Ivanovski

Индија го прекина молкот откако авионот Рафал, наводно, бил соборен од пакистански ловец од кинеско производство…

Sase Ivanovski

Прекрасната канцелариска зграда „Ананас“ во Синисело Балсамо, во близина на Милано, Италија…

Sase Ivanovski

Моника Марвез: Мажите никогаш не се менуваат…

Sase Ivanovski

Село Света Петка без струја – ЕВН соопшти „дивите приклучоци доведоа до пад на мрежата“

Sase Ivanovski

Прислушкуван разговор: Фикрет Абдиќ и Ратко Младиќ. Oпсадата на Сараево 29.05.1992. Снимка која е сокриена од јавноста во БиХ…

Sase Ivanovski

Топ Тема: Ќе паѓаат ли каматните стапки на кредитите за домаќинствата и компаниите?

Sase Ivanovski

Адвокатот на Васил: Казната е превисока, иста ваква сообраќајка во 2019 година е завршена со 3,5 години

Sase Ivanovski

Обвинителство: Во историјата на овој суд не е изречена 12 години казна затвор за вакво дело

Sase Ivanovski

Димитриевски: Филипче мора јавно да каже што изнел, што однел, чие однел и што планирал

Sase Ivanovski

Aleph го проширува партнерството со Spotify за управување со глобалната продажба на реклами во повеќе од 80 пазари

Sase Ivanovski

Фрчкоски: Кривичната пријава е банална, срамна и полна со неправилности

Sase Ivanovski

СДСМ: Сопруги, ќерки и браќа на истакнати ВМРО-вци се новите специјализанти во Клиничката болница – Штип

Sase Ivanovski

Украдени бисти на Крсте Петков Мисирков и Ѓоргија Пулевски, таа на Кочо Рацин искршена

Sase Ivanovski

Унгарија воведува нови ригорозни закони и казни за дилерите на дрога

Sase Ivanovski

Почина поранешниот претседател на Уругвај, омилениот и скромен Пепе Мухика

Sase Ivanovski

САД санкционираше параван-фирма на Иран која заработувала милијарди преку шверц на нафта

Sase Ivanovski

Нови Сад: Ученици ѝ испратија писмо на поддршка на професорка која во притвор штрајкува со глад

Sase Ivanovski

Скоро секој шести работник на „Нисан“ ќе биде отпуштен

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Украинската војска тврди дека уништила руски ракетен систем вреден 45 милиони долари

Sase Ivanovski

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Овластен е Мицкоски да предложи нови кадровски решенија, одењето на Таравари значи паѓање на уште една маска на коалицијата на криминалот

Sase Ivanovski

Бела куќа: Саудиска компанија ќе инвестира 20 милијарди долари во вештачка интелигенција во САД

Sase Ivanovski

Песков: Руската делегација ќе ја чека украинската страна в четврток во Истанбул

Sase Ivanovski

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Sase Ivanovski

Македонските граѓани кои планираат да патуваат од аеродромот во Тирана, на 15 и 16 мај треба да пристигнат 3 часа пред летот

Sase Ivanovski

Анализа на Си-Ен-Ен: Деловните врски на семејството Трамп со Блискиот Исток се зголемија повеќе од трипати

Sase Ivanovski

Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ нема да соработува со некој што е близок со ДУИ

Sase Ivanovski

Се сакаа си делеа комплименти на крај ни најавеното кафе за збогум ќе го немале

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Првиот милијардер во Албанија го споделува своето патување

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кој профитира, а кој губи од „раситнувањето“ на владината коалиција – Меџити го обвинува Таравари

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Томовски: Доцниме, но државните возила наскоро ќе добијат таблички во боја

Sase Ivanovski

Автокампот Рино во Струга е надобро рангираниот во Македонија

Sase Ivanovski

Ножеви и мачета пронајдени во автомобил на Табановце, приведени Романци

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дали Крис Павловски ја бара гробницата на Александар Велики?

Sase Ivanovski

22 ОД 34 ОПШТИНИ ВО ГРАДОВИТЕ НЕ ГО ИСПОЛНУВААТ СТАНДАРДОТ ЗА ОЗЕЛЕНОСТ, УТВРДИ ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА

Sase Ivanovski

Кумановец измамен за над 100.000 евра. „Купувале“ фиктивни станови

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Свинската маст се враќа на трпезата: Научно оправдана и здрава

Sase Ivanovski

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА СПОРТ ДОНЕСЕ ИСТОРИСКА ОДЛУКА, ОФИЦИЈАЛНО ГО ПРИЗНА ММА СПОРТОТ ВО МАКЕДОНИЈА

Sase Ivanovski

Муцунски: Економската и трговската соработка во фокус на средбата со државниот секретар Хакан Јеврел

Sase Ivanovski

Шест бугарски државјани осудени за шпионажа во корист на Русија во Обединетото Кралство

Sase Ivanovski

Меѓународната организација за цивилно воздухопловство утврди дека Русија го соборила летот MH17 во 2014 година

Sase Ivanovski

Васил Јованов осуден на 12 години затворска казна

Sase Ivanovski

Дезинформација е дека од авиони ќе нè прскаат со вакцина против ковид-19

Sase Ivanovski

Операта „Набуко“ на сцената на НОБ на 19 мај во рамки на „Мајски оперски вечери“

Sase Ivanovski

Вучиќ: Многумина во ЕУ не ја одобруваат мојата посета на Москва, но се надевам дека ќе имаат разбирање

Sase Ivanovski

Депардје доби 18 месечна условна затворска казна за сексуален напад на две жени

Sase Ivanovski

АНАЛИЗА: Внатрешниот долг за три месеци зголемен за 25,5 милиони евра

Sase Ivanovski

Семејството на Кулакова повикува на протест по пресудата на Васил Јованов

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ со рокада во образованието и во здравството?

Sase Ivanovski

Худолин: Средствата од Планот за раст се префрлаат по спроведувањето на реформите, а не однапред

Sase Ivanovski

Скопјанец осомничен за измама со фиктивна продажба на станови

Sase Ivanovski

Играта „Dune Awakening“ е во фаза на отворена бета

Sase Ivanovski

Контраспин: Таравари до вчера беседеше дека Мицкоски со право бара гаранции за во ЕУ

Sase Ivanovski

Пренџов: Ќе видиме дали некој од неговите ќе му верува на Таравари и дали ќе поднесат оставки од функциите кои ги извршуваат

Sase Ivanovski

Пренџов: Сè додека оваа актуелна политичка генерација предводена од премиерот Мицкоски е на чело на државата, Али Ахмети и ДУИ нема да бидат дел од Владата

Sase Ivanovski

„Гуш и бац е љубов“: Ден кога децата учеа, се играа и се поврзуваа без предрасуди

Sase Ivanovski

Влада: Усвоена е информацијата за набавка на инсулин и друга медицинска терапија за дијабетичарите, ќе се градат и реконструираат 30 спортски сали во основните и средни училишта

Sase Ivanovski

Јаневска: растат платите во образованието, инвестираме во инфраструктурата и во нови наставни програми и учебници

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведен велешанец, управувал возило под дејство на алкохол и физички нападнал полициски службеник

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведено едно лице

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Досега не се разговарало за размена на ресори, Таравари пак се интересираше само за бизниси и за Груби и за Заев

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тошковски: Размена на искуства, знаење и силна поддршка од Обединетите Арапски Емирати во градење на модерна, успешна и напредна полиција

Sase Ivanovski

Министерство за финансии: Димитриеска-Кочоска во Брисел на 11. Економски и финансиски дијалог со ЕУ – Реформите остануваат клучни за конкурентноста на европската економија во контекст на сегашните геополитички случувања

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Заменик министерот за внатрешни работи Исени оствари средба со турскиот амбасадор Н.Е.Фатих Улусој

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Kривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување

Sase Ivanovski

ЈП Комунална хигиена-Скопје: ДЕМАНТ НА ИЗЈАВА НА ДЕЈАН МИТЕСКИ

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, партија која ја распродаваше државата како на попуст во трговски центар, зборува за надворешна политика

Sase Ivanovski

Средба Жаклина Пешевска, со полковничката Антониела Станковска-Будимир: Заложби на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во унапредување на жените во одбраната

Sase Ivanovski

Одземена лиценцата на Агенцијата што кобната ноќ ја обезбедуваше дискотеката „Пулс“ во Кочани

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Обвинителот Марковски за пресудата од 12 години: Денешниот ден за Обвинителството е поголема победа, Обвинителството го задржува правото на жалба и да бара повисока казна

Sase Ivanovski

Јермак: Отсуството на Путин во Истанбул ќе биде „последен сигнал“ дека Москва не сака завршување на војната

Sase Ivanovski

Девојката со Путин не му е ќерка, креирана е со вештачка интелигенција

Sase Ivanovski

Ерол Ризаов: Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

Sase Ivanovski

Приведена скопјанка осомничена за измама при продажба на стан

Sase Ivanovski

Во Индија 14 лица починаа откако испиле отровен пијалок

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Влада составена само за лични интереси е логично да се распаѓа

Sase Ivanovski
Вчитувам....