Во согласност со резултатите од мониторингот што во периодот од 27 март до 25 април 2025 година го извршила Агенцијата за заштита на правото на пристап до информации од јавен карактер, каде што биле оценувани 43 јавни претпријатија и акционерски друштва под надлежност на Градот Скопје, општините и Владата, ЈП Комунална хигиена-Скопје е прогласено за најтранспарентно, со освоени 51,5 бодови.
Предмет на мониторингот бил пристапот што го нудат веб-страниците за достапност на информациите од јавен карактер од интерес на барателите и медиумската застапеност во насока на проактивната транспарентност и максимална отчетност за активностите на претпријатијата пред граѓаните. ЈП Комунална хигиена-Скопје ќе продолжи да функционира во насока на постојано унапредување на транспарентноста и отчетноста, затоа што тоа е единствениот начин за зацврснување на довербата кај граѓаните и зголемување на квалитетот на услугите.